Утрински / 20.09.2005
'Фајнл кат' го објасни отсуството на Тоше во Домот за деца без родители во акцијата 'Супер херој на хуманоста" Оливер Ромевски, првиот човек на "Дел рио филмс", продукцијата која во соработка со НВО Младински форум, завчера, во Домот за деца без родители "11 октомври" во Скопје ја стартуваше акцијата "Суперхерој на хуманоста", ја презеде одговорноста околу завчерашното недоаѓање на Тоше Проески во Домот за деца без родители. Иако беше најавено, Тоше не се појави пред дечињата, а главната причина, според Ромевски, била тоа што не ја известил навреме менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, а пред децата во Домот кажал дека нивниот херој е болен, беше објаснето на завчерашната прес конференција во организација на "Фајнл кат" во "Холидеј ИН" со што обвинувањата дека Проески се успал- се покажаа како неточни.