Дневник / 22.01.2005
ЧИТАТЕЛКИТЕ НА "ТАА" ИЗБРАА
Петар Ѓошев, водител на телевизиската емисија "Ред хот" е избран за нај момче на годината, во изборот што го организираше тинејџерското списание "Таа". Мегапопуларниот Тоше Проески и виртуозот на пијано Симон Трпчески беа избрани за ѕвезди на годината поради нивниот придонес во популарната и во класичната музика. Во конкуренција за најмомче беа: Роберт Билбилов, Дадар, Ненад од МС, Влатко од "Морал", Александар Васовски, Горан Пандев, Јован Јованов. Читателките на "Таа" два месеца преку смс-пораки, Интернет, телефонски јавувања и писма гласаа за најпопуларно момче за 2004 година. - Многу ми значи оваа награда и сакам да ја споделам со останатите девет учесници во изборот, зашто сите ние работиме за доброто на Македонија. Им благодарам на читателките на "Таа" што се сетиле на мене - изјави Петар. (Е.Т.)