Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Трпчески ќе го отвори фестивалот / 16.02.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Трпчески ќе го отвори фестивалот / 16.02.2005 Empty
PostSubject: Трпчески ќе го отвори фестивалот / 16.02.2005   Трпчески ќе го отвори фестивалот / 16.02.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 8:45 pm

Време / 16.02.2005
„ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА“

По низата успешни настапи во Лондон и во Брисел, пијанистот Симон Трпчески на крајот на март ќе одржи концерт и во Скопје, на отворањето на 29. издание на фестивалот „Денови на македонската музика“. Тој ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, водена од диригентот Саша Николовски-Ѓумар. Нашиот најдобар пијанист ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар од Димитрије Бужаровски, а во изведбата ќе му се придружат и солистите Ана и Игор Дурловски, Весна Гиновска-Илкова и Тоше Проески. На отворањето на „Деновите...“, Трпчески ќе ја изведе „Рапсодија во сино“ од Џорџ Гершвин и „Пајдушка“ од Живоин Глишиќ. На концертот ќе бидат изведени и композицијата „Македонско оро“ од Тодор Скаловски, оркестрирана од Властимир Николовски, и финалето од балетот „Ташула“ од Стојан Стојков. Цената на билетот за отворањето на фестивалот ќе чини 500 денари, а зависно од интересот на публиката, можен е и втор концерт. На фестивалот „Денови на македонската музика“, кој ќе трае од 30 март до 8 април, ќе бидат изведени композиции од македонски и од странски композитори од речиси сите жанрови, а бројот на праизведби годинава е повеќе од триесет. Освен редовната програма, годинава првпат ќе почне и алтернативната оф-програма, а во некои скопски кафулиња за време на фестивалот ќе се пушта и македонска современа музика. Освен алтернативната програма, годинава во рамките на фестивалот ќе се одржат и изложби, проекции на филмови и мултимедијални проекти. Освен домашните изведувачи, на 29. издание на „Деновите...“ ќе настапат и изведувачи и солисти од Полска, Англија, Словенија, Данска и други. Интересни ќе бидат настапот на дуото „Пластик“ од Полска, кое изведува електронска музика, концертите на виолинистите Питер Шепард и Арон Шор од Англија и настапот на ансамблот „Ателес“ од Данска, кој ќе изведува нордиска музика. А. Д. ******** Трпчески и Проески настапија и во Брисел Симон Трпчески настапи во салата „Концерт нобл“ во Брисел по свеченоста на предавање на одговорите на европрашалникот. На 30-минутниот концерт тој изведе дела од Брамс, Бизе-Бузони, Чајковски, Албениц, Рахманинов и композициите „Прелудиум“ и „Пајдушка“ од Живоин Глишиќ. Во придружната програма во Брисел настапи и Тоше Проески, кој во пијано-придружба на нашиот пијанист ги изведе аријата „Е луче ван ле Стеле“ и песната „Љубена“ на Трпчески. На концертот во Брисел настапија и виолинистот Блерим Груби и квартетот на Драган Даутовски.

Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Трпчески ќе го отвори фестивалот / 16.02.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Трпчески го отвора фестивалот / 30.03.2005
» Трпчески ќе ги отвори 29-тите Денови на македонската музика / 21.03.2005
» Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005
» ЧИТАТЕЛКИТЕ НА "ТАА" ИЗБРАА / 22.01.2005
» И се извинив на Руслана / 10.02.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: