Време / 31.01.2005
НА РЕВИЈАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ДУБРОВНИК
На ревијалниот музички фестивал во Дубровник, кој се одржа во петокот, македонските учесници во одлично светло ја претставија Македонија. Калиопи се претстави со нумерата „Желим ти речи“, која ја напиша специјално за оваа пригода, и ги освои овациите од присутните, додека пак нашата најголема музичка гордост Тоше Проески ја отпеа песната „Љубена“. Есма Реџепова, која беше дел од македонската музичка делегација, не настапи на фестивалот, но на само нејзин препознатлив начин ги пренесе поздравите од Македонија на тамошната публика. На фестивалот, покрај нашите пејачи, настапија и голем број познати музички автори од поранешната Југословенска поп-сцена, меѓу кои и Габи Новак, Зорица Конџа, Владо Калембер и други. Калиопи и Тоше оваа пригода ја искористија и за договори и финализирање на веќе почнатите проекти. Имено, Проески по Дубровник заминува за Загреб, каде што треба да снима дует со Тони Цетински.