Време / 13.11.2004
ПО ПРОМОЦИЈАТА НА ДИВИДИТО
Во текот на идната недела македонскиот поп-пејач Тоше Проески ќе отпатува во Словенија, каде што во студиото на издавачката куќа „Далас рекордс“ ќе сними наменска песна за потребите на новата кампања на светската детска организација УНИЦЕФ. Ќе се снима и видеоспот, а комплетен автор на песната е познатиот белградски композитор Младен Марковиќ. На 19 ноември, пак, Тоше и словенечката пејачка Ања Рупел се поканети да го отпеат дуетот „Крајње време је“ на официјалниот избор за убавица на Хрватска, кој ќе се одржи во Загреб. Од денеска и официјално ќе се појави во продажба дивиди-снимката од големиот концерт на Проески, одржан на 29 јуни на Градскиот стадион. <> Ѓ. С.