Дневник / 15.03.2004
ВЧЕРА ВО СКОПЈЕ
Спотот за англиската верзија на песната ?Ангел си тии?, со која Тоше Проески ќе не претставува на евровизискиот избор во Истанбул, почна да се снима вчера во импровизираното студио во фабриката ?Хемтексс? во Скопје. Режисер на видеозаписот е Дарко Митревски, а во спотот, освен Тоше, ќе се појави познатата италијанска фотомоделка Тезета Абрахам. Преостанатите делови од видеоклипот ќе се снимаат денеска. Ова е првпат во Македонија видеоиздание да се снима на филмска лента. Режисерот Митревски монтажата ќе ја работи во Италија, а спотот македонската јавност ќе може да го види по 21 овој месец, откако според евровизиските правила ќе биде дистрибуиран во 36 земји-учеснички на Еврсонгот. Дознаваме дека ова видеоиздание чини четири милиони денари и е едно од најскапите досега снимени во Македонија. На снимањето, покрај најблиските соработници на Проески и на Дарко Митревски, на покана на Тоше присуствуваше и ќерката на покојниот претседател, Сара Трајковска. (С.А.Н.)