Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Со песна Тоше собра 15.000 евра / 04.12.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Со песна Тоше собра 15.000 евра / 04.12.2004 Empty
PostSubject: Со песна Тоше собра 15.000 евра / 04.12.2004   Со песна Тоше собра 15.000 евра / 04.12.2004 EmptyTue Sep 24, 2019 9:39 am

Дневник / 04.12.2004
ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ, СКОПСКИ САЕМ

На музичкиот хепенинг, гости на Проески беа Ања Рупел, Тони Цетински, Леонтина Вукомановиќ, Есма Реџепова, "Синтезис", "Џорлеви" и "Блу фанки индивидуалс" Уште долго ќе се памети спектаклот што Тоше Проески со своите гости го приреди на хуманитарниот концерт што се одржа завчера во петтата хала на Скопскиот саем. Парите од концертот - 15.000 евра, се наменети за реновирање на Хематолошкиот оддел на Детската клиника во Скопје. Енергичниот и разигран Тоше постојано ја анимираше публиката и по секоја песна им се обраќаше на своите обожаватели. Мегаѕвездата не требаше ништо да рече или да направи, доволно беше да стои на сцената. Халата ечеше од вресокот на обожавателите, кои постојано го скандираа неговото име, му изјавуваа љубов и со сиот глас ги пееја неговите хитовски песни. За еуфоричното расположение придонесоа и специјалните гости на концертот: Ања Рупел, Леонтина Вукомановиќ, Тони Цетински, Есма Реџепова и групата "Синтезис". Бендот "Блу фанки индивидуалс" и гудачкиот оркестар на Зоран Џорлев, свирејќи ги хитовите на Тоше, докажаа дека се мајстори на својот занает. Половина час пред Тоше да се појави на сцената, обожавателите врескаа и го скандираа неговото име. По неколку лажни навестувања за почеток на концертот, конечно на сцената се појави тој, заедно со десетина деца од училиштето за лица со оштетен вид "Димитар Влахов" од Скопје. Со нив, Тоше премиерно ја отпеа песната "Овој свет", што ја сними како амбасадор на УНИЦЕФ. Откако на обожавателите им се заблагодари за нивниот придонес во хуманитарната акција, почнаа да се редат хит-баладите од последниот албум "Ден за нас". Присутните мавтаа со светкави срца, а со огромните транспаренти му изјавуваа љубов. Повеќе од три илјади грла во еден глас ги пееја хитовите со него. На сцената се појавија штитениците од Домот за деца без родители "11 Октомври" кои, во знак на благодарност, својот заштитник го закитија со венец од цвеќиња. Со изведба на добропознатите стари и нови хитови, атмосферата повторно се вжешти. Жестокото танцување на големиот срцекршач и совршено синхронизираната игра со светлата ја зголемуваше еуфоријата. На сцената се појави и неговата прва гостинка, Леонтина Вукомановиќ, со која го изведе хитот "Чија си". Тоше и енергичната Ања Рупел ја испеаја најновата песна "Крајње вријеме". Со извонредно чувство за комуникација, Тоше постојано и се обраќаше на публиката и добиваше плишани мечиња, срциња и цвеќе. Појавувањето на хрватската ѕвезда Тони Цетински беше поздравено со бурни аплаузи. Со шеговитото однесување и танцување, тој и Тоше приредија вистински спектакл. Шоуменот Цетински скокаше на сцената, се качуваше на држачите за рефлектори, а на крајот од својот настап најави голем концерт во Скопје. Хитовите се редеа, Тоше се забавуваше и играше, а публиката не престана да вреска. По два и пол часа македонската поп-ѕвезда и ја отстапи сцената на кралицата на ромската песна, Есма Реџепова. Таа заедно со своите синови, ги изведе познатите "Мангава ту" и "Чае шукарие", а во дует со Тоше ја испеаја и антологиската "Зајди, зајди". Тоше, при крај на концертот, и се обрати на публиката со зборовите: - Никогаш не сум помуабетил со вас и затоа вечерва сакам да ви кажам дека сум еден од најсреќните луѓе во светот. Вие ми го променивте животот кон поубаво и без вас можеби уште ќе пеев под туш. По моментите на искреност со публиката, Тоше легна на сцената и со почетните звуци од неговиот прв хит - "Твоите бакнежи на моите бели кошули", засветкаа запалките во публиката. Кога ја најави "Синтезис", публиката ги "претрка" и го запеа хитот "Ој девојче". И по завршување на извонредниот настап на "Синтезис", кога сите помислија дека е крај, се слушнаа почетните тактови на нумерата Fragile. По повеќе од три и полчасовно пеење, танцување и забава, Тоше се поздрави со публиката и замина од сцената. Обожавателите, "жедни" за својот миленик, го скандираа неговото име и го викаа да се врати. Светлата се изгаснаа, а Тоше уште еднаш ги почести фановите со хитовите "Усни на усни" и "Излажи ме".
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Со песна Тоше собра 15.000 евра / 04.12.2004
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004
» Тоше ќе сними песна за новата кампања на УНИЦЕФ / 13.11.2004
» Тоше ќе сними песна за новата кампања на УНИЦЕФ / 13.11.2004
» Тоше ќе настапи 15. по ред! / 12.05.2004
» Тоше Проески ќе пее 15-ти / 24.03.2004

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: