Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Тоше ќе атакува на висок пласман на Евровизија / 15.05.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ќе атакува на висок пласман на Евровизија / 15.05.2004 Empty
PostSubject: Тоше ќе атакува на висок пласман на Евровизија / 15.05.2004   Тоше ќе атакува на висок пласман на Евровизија / 15.05.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 4:59 pm

Дневник / 15.05.2004
ФИНАЛЕ НА ЕВРОСОНГ

во истанбул На финалето ќе се натпреваруваат 24 земји, а наградата на победникот ќе му ја даде Сертаб Еренар Повеќе од 500 милиони гледачи ќе го проследат 49-тото издание на Изборот на песна на Евровизија, што ќе се одржи вечерва во 21 часот (Директен пренос на МРТВ) во салата "Абди Ипекчи" во Истанбул. На финалето ќе се натпреваруваат 24 земји, а Тоше Проески ќе пее петнаесетти. Неофицијално дознаваме дека нашиот претставник во полуфиналната вечер бил трет според освоените поени. Дванаесет поени сме добиле од Србија и Црна Гора, а куриозитет е што Грците првпат на Евровизија ни доделиле 7 поени. Реакциите за Тоше Проески во најголем процент се исклучително позитивни, особено за неговиот вокал и изведба. Англичаните се негови најголеми обожаватели и тие му предвидуваат пласман меѓу првите 10 земји. Тој добил понуда за соработка од неколку композитори од таа земја. Проески особено е интересен за медиумите од Холандија, бидејќи "Life" се снимаше во едно од тамошните студија. За Тоше се заинтересирани продуценти од Јужна Африка и од Израел. Пласман меѓу првите 10 земји му предвидуваат и делегациите на Литванија, Израел, Германија и други. За победникот на годинашниот евровизиски избор ќе гласаат сите земји-учеснички во финалето. Гласањето ќе се одвива преку телевоутинг. Германски телекомуникации ќе имаат директен увид како се одвива гласањето во дадените 10 минути во сите земји, за да не се направат т. н. евровизиски местенки. Секоја земја ќе има резервно жири, во случај да се појават проблеми при гласањето. Резултатите од гласањето ќе може да го проследат и гласачите по сумирањето на гласовите од телеволтингот, а бодовите ќе се доделуваат по евровизиски принцип (12, 10, 8...). Наградата на победникот ќе му ја даде Сертаб Еренар, ланската победничка. Ќе бидат доделени уште три награди наречени "Марсел Безенсон", по идејниот творец на оваа музичка манифестација. Тоа се наградите: за најдобра композиција - што ќе ја доделат акредитираните новинари, за најдобар изведувач - за која ќе одлучат поранешните победници на Евросонгот и за најдобар композитор - за која ќе решат гласовите на авторите присутни во Истанбул. Според неофицијалните прогнози, најголем фаворит е Белгија, а како причина се наведува фактот што Брисел идната година ќе стане главен град на Европската Унија. Турците повторно типуваат на висок пласман, а на таков успех се надеваат и Шпанците, бидејќи композиторот на нивната песна пишувал композиции за Џенифер Лопез, Карлос Сантана и за Марк Антони. Големи оптимисти се и Швеѓаните. Сепак, според неофицијалните листи и обложувалниците, најголем фаворит е Грција. Во Истанбул специјално допатува и градоначалникот на Атина за да му даде поддршка на грчкиот претставник. Директно учество на Евросонгот идната година ќе обезбедат само 14 земји. Македонија мора да биде една од 10-те земји со најголем број освоени поени за да се натпреварува и в година директно во финалето, бидејќи секоја година во финалето мора да настапува големата четворка - Шпанија, Германија, Франција и Англија. Претседателот на ЕБУ се надева дека ќе нема пропусти во гласањето во финалната вечер како во полуфиналето. Во Монако, земјата што се натпреваруваше во претквалификациите, воопшто не се гласало преку телевоутинг. Се шпекулира дека Израел и Хрватска имале ист број поени и многумина се прашувале како Хрватите успеале да влезат во финалето. Се зборува дека Хрватите самите си доделиле 4 бода, но, откако било откриено, тие 4 бода им биле одземени. С.А.Н.

Ќе дадам се од себе
Дневник / 15.05.2004
ТОШЕ ПОРАЧУВА Ќе дадам се од себе, порача Тоше Проевски, кој вечерва ќе пее за висок пласман пред повеќе од 500 милиони гледачи што ќе го следат Изборот на песна на Евровизија во салата "Абди Ипекчи" во Истанбул. На финалето ќе се натпреваруваат 24 земји, а Тоше Проески ќе настапи петнаесетти. Преку телевоутинг ќе гласаат сите земји-учеснички во финалето, а Германски телекомуникации ќе имаат директен увид во гласањето во сите земји во предвидените 10 минути.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Тоше ќе атакува на висок пласман на Евровизија / 15.05.2004
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше ги сними првите кадри од спотот за Евровизија / 15.03.2004
» Тоше Проески ќе пее 15-ти / 24.03.2004
» Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004
» Тоше вечер ќе се натпреварува на Евросонг 2004 / 12.05.2004
» Тоше ќе пее на Градски стадион / 23.05.2004 10.06.2004

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: