Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Ангел си ти адут за Македонија / 16.02.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Ангел си ти адут за Македонија / 16.02.2004 Empty
PostSubject: Ангел си ти адут за Македонија / 16.02.2004   Ангел си ти адут за Македонија / 16.02.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 1:27 pm

Дневник / 16.02.2004
Евросонг 2004

Со песната "Ангел си ти", Тоше Проески ќе не претставува на Изборот за песна на Евровизија во претквалификацискиот дел што ќе се одржи на 12 мај во Истанбул, Турција. Автори на композицијата се Јован Јованов (музика и аранжман) и Илија Николовски, кој го направи текстот на македонската верзија. Тоше во Истанбул ќе пее на англиски јазик. За победничката песна одлучуваа гласовите добиени преку телевоутинг, на Жири-комисијата и на самиот изведувач Проески. Композициите беа во различен стил: во техно-поп ритам, фанк-тема, рок и етно-балади. Универзалната сала беше преполна и еден ден претходно, уште на генералната проба. Според реакциите на публиката, се насетуваше фаворитот во песната Ангел си ти. - Драго ми е што и на публиката и се допадна песната што беше мој фаворит - изјави Тоше. За гламурозниот ефект на сцената се погрижи сценографот Ставре Аврамовски, а сценариото го направи Иван С. Мирчевски. Компанијата "Глобалком" го изненади Тоше, подарувајќи му уметничка слика со неговиот портрет. - Ова е еден од моите најуспешни портрети - прокоментира нашиот претставник на Евросонг 2004. Спонзорот "Комсофон" ќе награди тројца свои претплатници што учествуваа во телевоутингот со патување во Истанбул. За кореографијата се погрижи Сања Шутевска, со пет девојки од нејзината балетска група и со една балетска двојка. Придружни вокали на победничката песна беа поранешните членови на групата "Магија", Зоран Стаменковски и Дамјан Лазаров, како и Маја Саздановска. Осумте комозиции што беа изведени на македонскиот избор ќе бидат ставени на специјално промотивно издание. МРТ ќе реши дополнително дали ќе се пушти и во продажба. Дознаваме дека Тоше до одржувањето на Евросонгот во Истанбул најверојатно ќе гостува во Турција, Малта, Србија и Црна Гора, Украина, Босна и Херцеговина, Австрија и во Данска. Се планира во овие земји да одржи мини-концерти и прес-конференции и да настапи на неколку телевизии. (С.А.Н. - М.А.)

ТОШЕ ПРОЕСКИ И “АНГЕЛ СИ ТИ” НА ЕВРОСОНГ 2004 ВО ИСТАНБУЛ
Канал5 / 16.02.2004
Песната “Ангел си ти”, композиција и аранжман на Јован Јованов по текст на Илија Николовски, ќе ја претставува Република Македонија на годинашниот Евросонг во Истанбул. Победничката композиција на синоќешниот национален избор на Песна за Евровиз Песната “Ангел си ти”, композиција и аранжман на Јован Јованов по текст на Илија Николовски, ќе ја претставува Република Македонија на годинашниот Евросонг во Истанбул. Победничката композиција на синоќешниот национален избор на Песна за Евровизија освои најмногу поени собрани од телефонското гласање и од жирито, а за неа својот глас го даде и Тоше Проески како исполнител на сите осум нумери што беа во конкуренција. Во состав на 11-членото жири беа: Срѓан Керим, Есма Реџепова, Александар Џамбазов, Љупчо Бубо Каров, Аритон Крлиу, Дарио, Искра Трпева, Александар Масевски, Оливер Белопета, Сашо Чолаковски и Иван С. Мирчевски. Фаворит на вечерта беше и песната “Далеку од мене” која се пласира на второ место. Програмата на изборот беше пополнета со настап на групата Синтезис и со ретроспектива на досегашните три учества на Република Македонија на Евросонг - Бирмингем 1998, Стокхолм 2000 и Талин 2002 година.

Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Ангел си ти адут за Македонија / 16.02.2004
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше со „Ангел си ти“ ќе не претставува на Евросонг / 15.02.2004
» Гласот главен адут на Тоше / 13.05.2004
» "Синтезис" ја крена Македонија на нозе / 04.08.2004
»  Тоше и Македонија се посигурни во „ангелот“ / 15.05.2004
» Проески: Среќен сум што ја израдував Македонија / 15.05.2004

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: