Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Гласот главен адут на Тоше / 13.05.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Гласот главен адут на Тоше / 13.05.2004 Empty
PostSubject: Гласот главен адут на Тоше / 13.05.2004   Гласот главен адут на Тоше / 13.05.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 4:46 pm

Дневник / 13.05.2004
полуфинална веЧер на евросонг во истанбул

Денеска ќе се венчаат дуото Платин од Словенија, а на свадбата ќе пее Сертаб Еренар Имате одличен интерпретатор, но не толку добра песна, се коментарите на дел од евровизиските познавачи за Тоше и неговата песна Life. Од трите одржани генерални проби можеше да се заклучи дека главен адут на Проески, пред се, е интерпретацијата. Кореографијата е добра, но не остава впечаток на сцената како таа на поголем дел од учесниците. Според реакциите на публиката, најмногу се типуваше на Украинката Руслана, Гркот Сакис Рувас и Белгијката Санди. Во текот на еднонеделниот престој во Истанбул Проески одржа две прес-конференции. Особено успешно е оценета втората, кога - по барање од новинарите - отпеал оперска арија, а потоа и песната на Сертаб Еренар, ланската победничка на Евросонгот. Турскиот новинар го прашал дали планира Life да ја сними на турски јазик, а Проески рекол дека веројатно ќе го стори тоа. Грчкиот новинар му предложил "Life" да ја сними и на грчки, зашто смета дека Тоше би можел да успее во Грција. Тоше одговорил дека се уште размислува како ќе се одвива неговата интернационална кариера. Проески со другите учесници крстарел по Босфор и бил на прием кај турскиот министер за култура. Од неделата во Истанбул се и неговите родители и девојката Ивона. Тоше присуствувал на забавата што ја организирале Малта, Кипар и на журката на Босна и Херцеговина. Главна тема во евровизиските кулоари е венчавката на Дијана и Симон, односно дуото Платин од Словенија. Тие денеска ќе прават свадба во еден локал на Босфор, а на свадбата ќе пее Сертаб Еренар. Ако успеат да влезат во финалето, Симона таа вечер ќе настапи со венчалниот фустан. Во дел од турските медиуми може да се забележат интересни и интигрантни фотографии на босанскиот преставник Дин, кој е во друштво на згодни девојки. И годинава на Евросонг има многу хомосексуалци што не ја кријат својата љубов. Данскиот преставник дури и јавно призна дека својата евровизиска тема му ја посветува на љубовникот. По завршувањето на прес-конференцијата на Австријците, двајца од делегацијата врзале крпи околу своите гаќи со боите на австриското знаме и легнале еден врз друг за да го "формираат" знамето на Австрија. Интересни прес-конференции на кои доминирале мини-концертите одржале претставниците на Полска, Германија и на Украина. Одлична свирка на пресот направил и Жељко Јоксимовиќ, кој е придружуван од новата девојка, позната водителка на белградската телевизија "Пинк" Адријана Чорта. Во делегацијата е и Леонтина (текстописец) на евровизиската тема "Лане моје", неговата поранешна љубов, но тие двајца воопшто не комуницираат. Секоја делегација ја обезбедуваат по шест телохранители, а за израелската се ангажирани 16. Иако само теренот околу салата "Абди Ипекчи" е украсен со знамиња со евровизиско лого и билборди, општ впечаток е дека Истанбул живее за Евровизијата. Гостите можат да уживаат во убавината на ноќните локали, каде што доминираат танчарките и машкиот стриптиз. Соња Алексоска - Неделковска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Гласот главен адут на Тоше / 13.05.2004
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Ангел си ти адут за Македонија / 16.02.2004
» Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004
» Тоше вечер ќе се натпреварува на Евросонг 2004 / 12.05.2004
» Тоше ќе пее на Градски стадион / 23.05.2004 10.06.2004
» Тоше ќе настапи 15. по ред! / 12.05.2004

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: