Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Публиката задоволна и ненаситна од Тоше / 23.03.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Публиката задоволна и ненаситна од Тоше / 23.03.2002 Empty
PostSubject: Публиката задоволна и ненаситна од Тоше / 23.03.2002   Публиката задоволна и ненаситна од Тоше / 23.03.2002 EmptyFri Sep 20, 2019 10:21 am

Утрински / 23.03.2002

Голем хуманитарен концерт на македонските естрадни ѕвезди Жешка атмосфера во СРЦ "Кале" Сообраќајниот хаос, желбата да се најде паркинг-место, дождот, големото обезбедување, високата температура во салата, бурните аплаузи, пеењето во еден глас- се само дел од атмосферата во која се одржуваше долго најавуваниот хуманитарен концерт, во организација на Советот за меѓунационална соработка, посветен на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Македонија. Први на сцената, малку подоцна од предвидениот термин за почеток, се појавија униформираните- Војо Стојановски и доајенот на македонската песна, Александар Сариевски, кои во дует ја исполнија ?Во 1903-та", а по нив, поздрав до присутните упати и министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски. Двете детски песни кои следуваа потоа беа само најава на настапот на ѕвездите од македонската естрада. Прва беше Калиопи, која во свој стил ја ?запали" публиката со нејзините ?Дали ме сакаш" и "Месечина", по неа настапи Александар Ѓурчев, Ева беше трета, Сузана Турунџиева се појави со својата ќеркичка Лора, по неа пееше Александар Гоцев, а внимание предизвика и неколкучлената ромска танчарска група. Марјан Стојаноски докажа дека публиката не го заборавила, по долга пауза ги видовме и девојките од "Ексклузив", а интересен настап имаше и тазе-пејачката- Лила Филиповска која, покрај пејачкиот дел, заедно со Александар ("Кое е твоето цеде") имаше и водителска улога. ?З'ш" имаа проблеми со техниката, но добро се снајдоа и на "суво".Програмата продолжи со Тамара Тодевска, а одлична реакција кај публиката остави и Александар Митевски, по кого настапи Угро. Андријана Јаневска најпрво ја пееше "Своја на своето", а потоа го изведе дуетот со Врчак, а Кристина Арнаудова продолжи со истото темпо - прво "Прашина", па потоа- "Ѕвонете, чекори херојски". Понатаму, ја видовме и слушнавме и Искра Трпева, по неа настапи Ребека, аплаузи доби и Брејк, а шлагот на тортата (како и сите добри работи) дојде на крај-Тоше Проески, чии настапи се вистинска фешта, емоции и среќа, а овој, дефинитивно, не беше исклучок. Концертот заврши малку пред полноќ, посетителите си заминаа задоволни, но истовремено се прашуваа и зошто не настапија момчињата од "Нокаут" кои беа најавувани и со самото тоа интересни за шпекулации, зашто тие подолго време и не функционираат како четворка. За својот настап на овој хуманитарен концерт "Нокаут" биле информирани од рекламите на ТВ, но ним ниту некој им се јавил, ниту ги поканил да учествуваат. (К.Ш.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Публиката задоволна и ненаситна од Тоше / 23.03.2002
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше во Германија / 20.03.2002
» Тоше ја распеа и Швајцарија / 23.02.2002
» Тоше ќе ве чека во "Планет" / 04.04.2002
» Концерт на Тоше Проески / 26.11.2002
» Промоција на новиот албум на Тоше / 23.10.2002

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: