Дневник / 04.04.2002
Популарниот пејач Тоше Проески викендов ќе биде во Крушево и од се срце им препорачува на читателите да дојдат во неговиот роден град и да поминат идеален викенд. Тој препорачува да се посети месноста Бела Вода, на околу пет километри од градот, каде што се гради манастирот "Св. Преображение", и нагласува дека навечер ќе биде во своето омилено кафуле "Планет", каде што ќе ги чека читателите на "Дневник".