Дневник / 25.03.2005
хрватска
Тоше Проески денеска ќе отпатува во Загреб, каде што со својот хрватски колега Тони Цетински ќе ја снимат планираната дует-тема, која се уште нема име. Тој ќе се сретне и со претставниците на Македонското здружение во Хрватска, кои го поканија да учествува на концертот на позната група "Езерке" што ќе се одржи на 24 април. Според плановите, Проески в недела ќе престојува и во Словенија, каде што ќе настапи на неколку телевизиски медиуми. (С.А.Н.)