Дневник / 15.06.2005
ПРОМОЦИЈА
Тоше Проески го промовира својот нов спот за песната "Лагала нас мала", што ја пее во дует со хрватскиот пејач Тони Цетински, вчера во кафулето "Интермецо" во Скопје. Спотот е снимен во мало место во близина на Сплит, а девојката што глуми во него е познатата хрватска актерка Антонија Шола, која во моментов е актуелна по улогата во серијата "Забранета љубов". Таа напишала и неколку текстови за песните од новиот албум. Тоше изјави дека снимањето траело еден ден и дека уживал додека снимале. Целиот спот е замислен како видеоигра на "плејстејшн". Лилјана Петровиќ, менаџерката на Проевски, изјави дека нов бренд на спотовите на Тоше е компанијата "Алкалоид". Таа најави дека новиот албум на Тоше ќе излезе на крајот на јуни, а најавуваниот концерт ќе се одржи во септември. Концертот е одложен бидејќи симфонискиот оркестар што требало да го придружува Тоше не можел за кусо време да ги подготви песните. (М.Д.Т.)