Admin Admin
Posts : 237 Join date : 2019-09-19
| Subject: Брега во Скопје, Влатко во Белград, Тошка во Сараево / 31.12.2004 Tue Sep 24, 2019 10:34 am | |
| Време / 31.12.2004 ЗА НАЈЛУДАТА НОЌ
Најголем музички настан како предизвик за пречек на најлудата ноќ е вечерашниот концерт на големиот балкански музичар Горан Бреговиќ и неговиот „Оркестар за свадби и погреби“ на плоштадот „Македонија“. Претходно, атмосферата ќе ја подгреваат десетте финалисти од неодамна одржаното музичко шоу „М2-потрага по нова ѕвезда“, а на нив ќе им се придружат и девојките од групата „Форплеј“. Како замена за Бреговиќ, „Идеја плус“ на белграѓани им ја обезбеди нашата гитарска легенда Влатко Стефановски, кој ќе свири на плоштад. Скопската дискотека „Елемент“ обезбеди новогодишна журка со групата „Суперхикс“, а вокалистот Петар Младеновски-Пеце договорил настап и во ноќниот клуб „Маракана“. Владо Јаневски како и минатата, така и оваа година ќе ги забавува охриѓани во дискотеката „Парк“, а за посетителите следува и бесплатен примерок од неговиот актуелен албум „Ваков или таков“. Поп рок-пејачката Биба Додева со „Мама бенд“ ќе пее во хотелот „Континентал“, а на 1 јануари веќе си договори тезга во англискиот паб „Свон“. Тоше Проески вечерва ќе настапи во сараевскиот ноќен клуб „Скендерија“, а по полноќ ќе се упати на тамошниот градски плоштад, каде што своите хитови ќе ги отпее во два блока од по 45 минути. Утредента нашата најголема поп-ѕвезда ќе гостува во неколку новогодишни емисии на тамошните телевизиски станици. <> Ѓ. С | |
|