Дневник / 23.05.2004
НА 29 ЈУНИ
Мегаѕвездата Тоше Проески на 29 јуни ќе одржи голем солистички концерт на Градскиот стадион во Скопје. Концертот е во организација на продукцијата Фајнал кат. Покровител е "Космофон", кој за сите посетители ќе приреди изненадувања. На концертот Тоше ќе го промовира својот најнов музички проект "Ден за нас", кој беше објавен на 20 април годинава, а ќе ја потсети публиката и на своите стари хитови. Двојниот албум, на кој се песните од домашниот избор за песна на евровизија и пет нови песни снимени во студиото "Матрикс" во Минхен, Германија, се очекува наскоро да биде издаден и во Словенија и во Хрватска. (С.А.Н)
Концерт на Тоше Проески
Дневник / 10.06.2004
ГРАДСКИ СТАДИОН, СКОПЈЕ Мегаѕвездата Тоше Проески на 29 јуни ќе одржи концерт на Градскиот стадион во Скопје. Гости на Проески ќе бидат етно-групата "Синтезис", кои ќе се претстават со песни од најновиот репертоар , а заедно со Проески ќе ги изведат темите "Еј девојче " и "Жена балканска". Влезниците за концертот се пуштени во продажба. Чинат 300 денари, а може да се купат во продавниците на "Југотон", "Германос" и на "Космофон" во сите градови во Македонија. Генералниот покровител на концертот, "Космофон", подготвува изненадување за публиката. (С.А.Н.)