Време / 08.10.2004
ПО ПРОМОЦИЈАТА НА АЛБУМОТ
Големиот промотивен концерт на групата „Синтезис“ ќе се одржи на 18 ноември, во Универзална сала во Скопје. Етносоставот ќе настапи заедно со оркестарот при Македонската филхармонија, кој гостува на три од вкупно осумте песни од актуелниот албум „Де, бог да бие“. - Планираме Тоше Проески да ни биде специјален музички гостин и би настапиле со нумерата „Ој, девојче“, но чекаме да се врати од Австралија па да се договориме - ни изјави Марјан Јовановски-Мац, гласноговорникот на „Синтезис“. Снимениот материјал од концертот ќе биде издаден и на дивиди-издание до крајот на годината. <> Ѓ. С.