Време / 20.10.2005
ДРУШТВО „ПАУН“
Осумнаесет вреќи храна, тешки по 15 килограми, за жителите во Зоолошката градина в сабота ќе донира друштвото за заштита на животните „Паун“. Оваа донација е дел од манифестацијата „Бела ноќ“, која ја организира градот Скопје. В сабота во 19 часот во Зоолошката ќе бидат поставени штандови на кои сите хумани граѓани ќе може да донираат храна за животните. Од „Паун“ велат дека вреќи храна донирале Кристина Арнаудова, Јагнула Куновска, Калиопи, редакцијата на „Вест“, сопствениците на дискотеките „Процес“ и „Колосеум“, како и на повеќе кафулиња во градов. - Во акцијата што ја организиравме за собирање храна за волците се одѕваа многу приватни фирми. Ниту една ветеринарна амбуланта не не одби. Храната ќе ја однесеме в сабота, а Зоолошката потоа ќе им ја распредели на животните. Слушнав дека Тоше Проески ќе донира едно камионче месо за лавот, а неговата менаџерка Лиљана Поповска ќе донира храна за женката јагуар и за нејзините четири младенчиња - вели Зоран Василевски, почесен претседател на „Паун“. А. Џ.