Дневник / 05.09.2003
ексклузивците на "М2"
Ќе пеат на плоштад Славниот македонски пијанист Симон Трпчевски ќе ја свири македонската химна пред натпреварот со Англија, утре од 18.30 часот. Ќе пее Тоше Проески, а англиската химна ќе ја пее Марија Нешковска. Пијаното на Трпчевски ќе биде поставено на аголот помеѓу Јужната и Источната трибина. Два часа пред почетокот на натпреварот помеѓу Македонија и Англија, на Градскиот плоштад во Скопје, ќе настапат ексклузивците на "М2", Елена Ристевска и Емил Арсов, кои ќе ја изведат новата песна, направена специјално за овој настан "Победа за нас". Текстот на нумерата го напиша Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот се дело на Дарко Димитров. Од вчера песната е пуштена во повеќе радиостаници, а првпат јавно ќе биде изведена во сабота на плоштадот Македонија. Таму, преку видеобим ќе се врши директен пренос од мечот, за сите што не успеале навреме да си обезбедат влезници, а сакаат долгоочекуваниот дуел да го проследат меѓу маса луѓе.