Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Тоше гради светска кариера во САД / 29.08.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше гради светска кариера во САД / 29.08.2003 Empty
PostSubject: Тоше гради светска кариера во САД / 29.08.2003   Тоше гради светска кариера во САД / 29.08.2003 EmptySun Sep 22, 2019 7:51 pm

Дневник / 29.08.2003
ПОП КРАЛОТ ЗАМИНУВА

Кралот на македонската поп-музика Тоше Проески потпишал договор со позната менаџерска куќа од САД и кон крајот на септември заминува во Њујорк, дознава "Дневник". Договорот со една од најпознатите американски издавачки куќи ќе биде прецизиран во октомври. Под етикетата на таа куќа ќе се појави неговиот албум на англиски јазик, наменет за светскиот пазар. Како дел од градењето светска кариера, Тоше од 28 септември ќе посетува часови кај најпознатиот учител по пеење во САД, Вилијам Рајли, за да го доусоврши пеењето на англиски јазик. Рајли го усовршувал пеењето на англиски јазик на познатите ѕвезди Селин Дион, Хулио и Енрике Иглезијас. Тоше ќе ги посетува часовите еден месец, а за викендите ќе одржува концерти низ Америка. - На 10 октомври американската менаџерска куќа со која потпишавме договор, на која засега не би сакала да и го откријам името, ќе организира гала-вечера на која ќе присуствуваат градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, и претставници од компанијата "Сони" и од УНИЦЕФ. На таа вечера ќе биде прецизиран договорот со издавачката куќа што би застанала зад проектот на Тоше, наменет за светскиот музички пазар - изјави неговата менаџерка Љиљана Петровиќ од "Фајнл кат продукција". На гала-вечерата во Њујорк Тоше ќе се претстави со свој репертоар, а најверојатно неговиот настап ќе го пренесува Македонската телевизија преку сателит. - Никогаш нема да ја заборавам македонската публика, на која планирам повторно да и подарам нов албум. Каде и да сум, во кој било дел од светот, постојано со мислите сум овде, во Македонија. Секој слободен миг ќе го искористам за да дојдам во мојата земја и да се сретнам со мојата публика, семејството и пријателите - рече Проески. Тоше засилено работи на својот албум на англиски јазик. Неодамна се врати од Мадрид, Шпанија, каде што сними две песни, кои специјално за него ги напишаа Хуан Белмонте и Абел Арана, познати во светот како Пампин Долс. Оваа музичка двојка работи и на албумите на Мараја Кери, Витни Хјустон, Шер, Рики Мартин... Наскоро Тоше ќе сними уште една песна што ќе ја отпее во дует со позната шпанска пејачка. Тоше го подготвува и албумот на македонски и на српски јазик, наменет за македонскиот пазар и за Балканот. Како што дознаваме, на албумот на Проески на македонски и на српски јазик ќе бидат застапени композиции на познати автори од бившојугословенските простори: Леонтина и Жељко Јоксимовиќ (Србија и Црна Гора), Дино Мухаремовиќ (Босна и Херцеговина), Тоше Поп-Симонов, Огнен Неделковски и други македонски автори. Песните на Мухаремовиќ Проески ќе ги снима во студиото "Матрикс" во Минхен, Германија. Следната недела Тоше ќе ги соопшти спонзорите за новиот албум. Пред заминувањето во Њујорк, на 26 септември ќе одржи хуманитарен концерт во Торонто, Канада. А традиционално, и годинава во декември ќе одржи неколку хуманитарни концерти во Скопје.
Соња Алексовска Неделковска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Тоше гради светска кариера во САД / 29.08.2003
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше ќе пее во Сараево / 23.04.2003
» Тоше си купи џип "мерцедес" / 12.11.2003
» Тоше ќе пее за Детската клиника / 03.12.2003
» Хуманитарен концерт на Тоше / 15.12.2003
» Тоше е најспособниот македонски дипломат / 17.04.2003

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: