Дневник / 24.03.2003
ДОГОВОР
Тоше Проески ќе биде заштитно лице на промотивната кампања за новата дебитна картичка "Маестро", која во нашава земја ја издава Интернационална приватна банка. Договорот меѓу музичката ѕвезда и банката беше склучен во минатата недела, а со него е предвидено и снимање видеоспот за една од песните на албумот на Тоше, "Ако ме погледнеш во очи". Интернационална приватна банка му издаде на Тоше картичи "Маестро" и "Златна мастеркард". Картичката "Маестро" е водечка меѓународна дебитна картичка на "Мастеркард", со која може да се плаќа во 3 милиони продажни места во земјата и во светот и да се подига готовина на 800 илјади банкомати, до износот на депонираните средства. Картичката "Маестро" се добива едноставно - без жиранти, меници и потврди и без обврска за држење задолжителен депозит.
Тоше потпиша договор со Интернационална приватна банка
Вест / 24.03.2003
Нашиот најпопуларен пејач Тоше Проески и неговата продуцентска куќа "Фајнал кат" склучија договор со Интернационалната приватна банка за промовирање на Маестро картичката.