Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 "Љубовта е најважна од се" / 28.12.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

"Љубовта е најважна од се" / 28.12.2002 Empty
PostSubject: "Љубовта е најважна од се" / 28.12.2002   "Љубовта е најважна од се" / 28.12.2002 EmptyFri Sep 20, 2019 12:41 pm

Дневник / 28.12.2002
ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ НА ТОШЕ

Блажена е душата што дава. Со овие зборови мегаѕвездата Тоше Проески, на завчерашниот настап во Универзалната сала во Скопје, го одјави својот хуманитарен концерт. Средствата што беа собрани од продадените билети се искористени за набавка на медицински материјал и помагала, кои се донирани во Домот за децата без родители "11 Октомври" од Скопје, Домовите за децата со специјални потреби "Маца Овчарова" од Велес и во специјалниот завод во Демир Капија. На концертот присуствуваа 460 деца, штитеници на споменатите домови, кои заедно со другата публика бурно го поздравија Тоше и неговиот хуман гест, а претседателот Борис Трајковски му испрати букет цвеќе. Двочасовното дружење со миленикот на македонската публика почна со изведбата на "Немаш ни благодарам", по што веднаш одекнаа френетични аплаузи и громогласно пеење. По третата песна ритамот на музиката се засили, што беше знак за присутните да скокнат од седиштата и да танцуваат во ритамот на "Ледена", "Ако ме погледнеш во очи" и низа стари хитови. Кон средината на концертот на сцената му се придружи кралицата на ромската музика, Есма Реџепова, со која ја изведе познатата "Магија", по што следуваше настапот на детскиот хор "Златно славејче". За целото време на концертот Тоше упатуваше пораки дека љубовта е најважна од се и искрено ги гушкаше многубројните деца што се качуваа на сцената за да му дадат подарок или само бакнеж. И пред две вечери, се одржа голем концерт на Тоше, а средствата исто така беа донирани за хуманитарни цели. Фактот дека и по спектакуларниот концерт што пред еден месец се одржа на Скопски саем, Тоше може два пати да ја наполни и Универзална, зборува дека тој е нашата најголема ѕвезда, која во овој случај ги потврди својата хуманост и љубовта кон децата, не правејќи разлика кои се, какви се и од каде се. Тој честопати вели дека ги сака сите, а овој пат и навистина го докажа тоа.
Соња Стоилковска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
"Љубовта е најважна од се" / 28.12.2002
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: