Дневник / 21.12.2002
Тоше Проески Тоше Проески на 25-ти и 26 декември, во Универзалната сала во Скопје, ќе одржи два солистички концерта под мотото "Музика за живот". Тој вчера настапи на "Избор на убавица на Босна и Херцеговина", кој се одржа во Бања Лука, каде што и го промовира својот најнов албум наречен "Ако ме погледнеш во очи". Денеска во попладневните часови ќе одржи уште една промоција на најновиот проект во Сараево.