Admin Admin
Posts : 237 Join date : 2019-09-19
| Subject: Тоше Проески ќе го освојува шпанскиот музички пазар / 03.12.2002 Fri Sep 20, 2019 11:47 am | |
| Дневник / 03.12.2002 ПРОБИВ НА ПОП-ЅВЕЗДАТА Нашата најголема поп-ѕвезда Тоше Проески во јануари идната година заминува за Мадрид, каде што ќе снима албум на англиски јазик за шпанската музичка сцена, дознава "Дневник". Според договорот на неговата продуцентска куќа "Фајнл кат продакшн" и "Пасион турка" од Мадрид, албумот на шпанскиот пазар ќе се појави во мај, а потоа ќе биде промовиран во Мексико и во другите земји на Латинска Америка. - Дојдов во Македонија бидејќи сакам да се запознам со тоа што го работи Тоше. Имаме намера да го промовираме на латино-американскиот пазар, затоа што тој има многу добар глас и е одличен изведувач. Нашите намери се да му направиме интернационална промоција. Во почетокот планираме да издадеме еден албум на англиски јазик, со песни на композитори од Шпанија. Тој ќе биде наменет само за шпанскиот пазар, кој е многу голем и претставува добар начин да се почне светската кариера - изјави Вито Монтарули од "Пасион турка". Вито истакна дека по преслушувањето на трите албуми на Тоше веројатно ќе се избере и дел од неговите веќе испеани композиции и ќе се препее на англиски и на шпански. Менаџерката на Тоше најавува дека следниот потег ќе бидат Јапонија Кина и Кореја. - Менаџерот на групата Харем, Синан, со кој јас соработувам, не запозна со Вито и откако тој се увери во можностите на Тоше го склучивме нашиот договор. Во јануари заминуваме за Мадрид, а албумот планираме да се појави во мај - објасни таа. Вито Монтарули е Италијанец, кој живее во Мадрид петнаесет години. Во овој бизнис е дванаесет години. Пред две години ја отворил компанијата "Пасион турка" за да ги промовира уметниците од Шпанија и од странство. (С.А.Н) | |
|