Admin Admin

Posts : 237 Join date : 2019-09-19
 | Subject: Промовиран новиот спот на Тоше и Есма / 23.11.2002 Fri Sep 20, 2019 11:42 am | |
| Дневник / 23.11.2002 Во просториите на продуцентската куќа "Томато" вчера пред новинарите беше промовиран спотот за песната "Магија", која во дует ја отпеаја Тоше Проески и Есма Реџепова, и се наоѓа на неговиот најнов албум, "Ако ме погледнеш во очи". Спотот е снимен во почетокот на септември, на три локации: во чајџилницата "Њу ејџ", во куќа во скопската населба Козле и кај рудникот Бањани. Видеоизданието има динамична спотовска и филмска приказна, изобилува со многу детали и со богата кореографија и сценографија. Зборува за борбата меѓу доброто и злото, а на гледачот му е оставен простор приказната да ја толкува на свој начин. Наскоро треба да почне изработката на српската верзија на спотот, а македонската веќе викендов ќе можете да ја видите на некоја од нашите телевизии. | |
|