Дневник / 20.04.2002
ПО ТРИ ГОДИНИ Поп-ѕвездата Тоше Проески ја напушта "Авалон-продукција" и веројатно нема наскоро да и се приклучи на ниедна продуцентска куќа, објасни вчера Никола Проески, таткото на Тоше. Според неговите зборови, Тоше засега ќе се ориентира кон студиите, но ќе продолжи и да снима. Договорот меѓу Тоше и "Авалон" траеше три години и во изминатиот период познатиот пејач сними два албума, имаше повеќе од 100 настапи и одржа шест концерти во Универзална сала и еден во белградскиот центар "Сава". Бобан Милошевски од "Авалон-продукција" не ја коментираше оваа негова изјава. (С.А.Н.)
Вест / 22.04.2002
Тоше Проески и "Авалон" понатаму продолжуваат секој по свој пат! Ова е резултатот од исчекувањата што ќе се случи по 17-ти април, ден кога заврши нивниот тригодишен договор за соработка.