Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Тоше и „Синтезис“ на плоштад за Нова година / 09.12.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше и „Синтезис“ на плоштад за Нова година / 09.12.2005 Empty
PostSubject: Тоше и „Синтезис“ на плоштад за Нова година / 09.12.2005   Тоше и „Синтезис“ на плоштад за Нова година / 09.12.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 4:05 pm

Дневник / 09.12.2005
ГРАД СКОПЈЕ ОРГАНИЗИРА СКРОМНА НОВОГОДИШНА ПРОСЛАВА

Музичката ѕвезда Тоше Проески и групите "Синтезис" и "Блејзери" ќе ги забавуваат граѓаните на плоштадот Македонија за пречекот на Новата година, соопштија вчера градските власти. Градот преговара уште со неколку изведувачи, но не ги открива нивните имиња пред конечниот договор. На полноќ ќе има огномет, кој ќе трае десетина минути, а забавата ќе продолжи до раните утрински часови со сетови на познати диџеи. Градските власти за годинашниов пречек најавија скромна и евтина прослава, колку што дозволува градскиот буџет. - Буџетот за новогодишната ноќ е ограничен и поради тоа се обидуваме да направиме ефектна, но евтина програма. Се надеваме дека сите ќе бидат задоволни. Традиционални спонзори на новогодишниот пречек се "Мобимак", "Космофон" и "Телеком", а се преговара и со други - вели Тања Балаќ, претседател на Секторот за јавни работи. Традиционално, на 31 декември напладне ќе се одржи новогодишна прослава за децата. Годинава Дедо Мраз ќе пристигне во кочија и сите деца ќе можат да се фотографираат со него. Покрај Дедо Мраз, детската забава ќе ја дополнат претстави со кловнови, жонглери и со акробати. Бината на која ќе настапат изведувачите ќе се постави странично на плоштадот, за да остане отворен приодот кон Камениот мост. Градските служби подготвуваат и план за безбедноста на присутните на новогодишната прослава. - Целта е инцидентите да се сведат на минимум. Контактиравме со одговорните во МВР, каде што ќе ја испратиме целата програма за прославата, според која ќе се определи и бројот на чуварите на редот што ќе присуствуваат на плоштадот Македонија - велат градските власти. Украсувањето на плоштадот и на улиците во центарот ќе почне деновиве. Во план е да се украси и Камениот мост, но за тоа Градот се уште чека дозвола од Градскиот завод за заштита на спомениците. На плоштадот ќе се постават тезгиња и 15 специјални куќички, во кои ќе се врши трговија со новогодишни честитки, украси и со други дреболии, како и со храна, пијалаци и ракотворби. Тезгите ќе бидат унифицирани и ќе бидат поставени на влезот во ГТЦ и пред Домот на АРМ. Градските власти велат дека се уште не се знае колкав ќе биде бројот на тезгињата, бидејќи имало голем интерес за нивни закуп. На 26 декември ќе се одржи пинг-понг турнир во салата на "Фершпед Работнички" во Градскиот парк. Силите ќе ги одмерат учениците од 21 средно училиште во Скопје, а победниците ќе добијат пехари, дипломи и спортска опрема. Во деновите пред Нова година, делегација од Град Скопје и невладини организации ќе им однесат подароци на штитениците во Домот за деца без родители "11 Октомври" и во Домот за стари лица "Мајка Тереза". (С.Х.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Тоше и „Синтезис“ на плоштад за Нова година / 09.12.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Концерти на Тоше во Битола и во Прилеп / 22.03.2005
» Тоше го прослави 24. роденден / 27.01.2005
» Тоше на гости кај Цетински / 25.03.2005
» „Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005
» Тоше ќе пее со Руската филхармонија / 13.05.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: