Тоше Проески го одложи концертот на Градски стадион
Дневник / 19.09.2005
ПОРАДИ ПРОГНОЗИТЕ ЗА ЛОШО ВРЕМЕ
Мегаѕвездата Тоше Проески го одложи концертот на Градскиот стадион во Скопје закажан за 28 септември, по прогнозите на синоптичарите дека времето во текот на месецот ќе биде лошо. Планирано е концертот да се одржи пролетта идната година. На концертот Тоше требаше да го промовира албумот "По тебе". Според менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, тимот не можел да биде сигурен дека на 28 месецов времето ќе биде добро и, не сакајќи да манипулираат со фановите, го одложиле концертот. Продукцијата за концертот била многу скапа, бидејќи од Белград доаѓале околу 50 луѓе со сценска опрема, техничари задолжени за светло и звук кои не можат да чекаат да се подобри времето, а од стадионот им го понудиле 28 септември како единствен датум. Тоше на 30 септември тргнува на турнеја во Канада.