Дневник / 26.03.2005
денес ПРЕД ДОМОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ
Големата евровизиска музичка ѕвезда Џони Логан денеска во 18 часот ќе одржи хуманитарен концерт на платото пред Домот на АРМ во Скопје. Во името на Асоцијацијата "Скопјанката Мајка Тереза", македонската мега-ѕвезда Тоше Проески ќе му врачи на Џони Логан статуетка со ликот на блажената Мајка Тереза. На чествувањата што во пресрет на католичкиот Велигден ќе се одржат пред споменикот на Мајка Тереза, со Џони Логан ќе бидат и македонските уметници Есма, Калиопи, Борис Трајанов, Виолета Томовска, Адријан Гаџа, Влатко Стефановски, Владо Јаневски, Каролина, Мартин Вучиќ и Мартина Силјановска.