Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Руслана сензација, Тоше најнаграден / 12.02.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Руслана сензација, Тоше најнаграден / 12.02.2005 Empty
PostSubject: Руслана сензација, Тоше најнаграден / 12.02.2005   Руслана сензација, Тоше најнаграден / 12.02.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 8:01 pm

Дневник / 12.02.2005
"13-ка ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ"

Проески освои статуетки за најпопуларен пејач на балканските простори, за најхуманитарен настан и личност и за концерт, а Калиопи за најпопуларна пејачка во Македонија Украинската поп-атракција Руслана предизвика најголемо внимание, а Тоше освои најмногу награди на манифестацијата "13-ка за најуспешните", што се одржа завчера на импровизираната сцена во хотелот "Александар палас", што ја проследија околу 1.500 луѓе. Според гласачкото средношколско тело, кое е и организатор на таа манифестација, на Руслана, која пред публиката отпеа четири свои нумери од најновиот проект и приреди мини-шоу, и припадна европско Гран при на популарноста. Нејзиното појавување на сцена со тројца танчари и две танчарки ја крена на нозе публиката. Многу деца се упатија кон подиумот за да ја бакнат и да и подарат некоја играчка. Руслана двапати ја отпеа победничката евровизиска песна "Wild dace", со иста енергија и кореографија како на сцената во Истанбул, а дел од неа ја отпеа во дует со Тоше. Проески ги освои статуетките за најпопуларен пејач на балканските простори, за најхуманитарен настан и личност и за концерт. Калиопи беше прогласена за најпопуларна пејачка во Македонија. Во категоријата спортист на годината победи ракометарката Индира Кастратовиќ. Статуетката во нејзино име ја подигна кандидатот за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, кој ја нарече кралица на ракометот. Статуетката за најдобар телевизиски водител отиде во рацете на Александар Блажевски. За најдобра телевизиска водителка беше прогласена Лила Димитровски. Средношколците своите гласови и ги доверија на Сека Радончиќ за моден креатор на годината. За најдобар телевизиски проект беше прогласена емисијата "Не заспивај сега" на Иван Мирчевски. Статуетката во категоријата поп-атракција му припадна на Адријан Гаџа. За хит на годината беше прогласена темата "Тајните ангели" на дуото Врчак-Билбилов. "Синтезис" се закити со епитетот најдобра група. Тамара Тодевска беше прогласена за пејачка, а Мартин Вучиќ за пејач на годината. Наградата за трајни вредности му припадна на Велибор Џаровски-Џаро. Специјалната награда за најурбана телевизија и припадна на скопската "МС телевизија". За најуспешна видеопродукција беше прогласена "Томато", а за диџеј Горан Кан. Специјални признанија и беа доделени и на Македонската радио и телевизија за успешно организирање на проектите "Евросонг" и "Цунами". Публиката и во оваа пригода имаше можност да ужива во одличните изведби на Калиопи и на Тоше, кои во живо ги изведоа темите "Бато" и "Месечина", односно "Лајф". Проески истакна дека ништо нема да го натера да ја напушти Македонија - каде и да е, секогаш ќе се враќа дома. Во музичкиот дел настапија и групите "Арија", "Синтезис", дуото Врчак- Билбилов, пејачите Адријан Гаџа - кој настапи со танчарска група од учесниците на актуелното шоу "Тоа сум јас", Тамара и Мартин Вучиќ. Дел од својата песна "Муза" Мартин ја отпеа во дует со Тоше. На сцената се појави и незаменливиот тандем Есма - Калиопи, кои ја изведоа темата "Бел ден". Водител на "13-ка за најуспешните" беше Бојан Јовановски, кој е и главен организатор на манифестацијата. Браво за него што успеа да ја донесе Руслана во ова шоу. Направи фама и го подигна рејтингот на манифестацијата. Неумесен беше во обидот да ги имитира водителите Игор Џамбазов и Весна Петрушевска, кои со својот професионален кредибилитет не заслужуваат таков третман. Невкусно дејствуваа некои делови од сценариото во кои се чувствуваше цинизам, кој влијаеше негативно врз публиката.

Гран-при за Руслана, Тоше Проески и за Калиопи
Време / 12.02.2005
ДОДЕЛЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ ТРИНАЕСЕТКИ Ѓорге Стојанов Најпопуларните македонски поп-пејачи Калиопи и Тоше Проески, заедно со украинската ѕвезда Руслана, се годинашните лауреати на третото издание на манифестацијата „13 за најуспешните“. Ним наградите гран-при им беа доделени за севкупното музичко присуство, и тоа на Калиопи за Македонија, на Проески за Балканот, а европското гран-при и припадна на специјалната музичка гостинка од Украина Руслана. Во речиси 15-минутното шоу, актуелната евровизиска шампионка се претстави со химната „Дивите танци“, нејзиниот актуелен сингл „Танц со волците“ и со уште две други песни. Во препознатлив стил, и овојпат со акробатски движења и парталчиња од крзно и кожа, Руслана го доби потребниот аплауз. Темпераментната пејачка и танчарка ги поздрави присутните со понекој збор на македонски јазик, а на обожавателите им вети дека повторно ќе дојде на гости. Наградите на „13 за најуспешните“ изгледаа вака. Според Унијата на средношколците, најдобри пејачи за 2004 година се Тамара Тодевска и Мартин Вучиќ, дуетот Врчак и Билбилов ја доби наградата за хит на годината за макфестовската „Тајните ангели“, а група на годината е етносоставот „Синтезис“. Концертот на Тоше Проески одржан на Градски стадион е лански број еден музички настан, а според средношколците Адријан Гаџа е најголема поп-атракција. Најдобри водители се Александар Блажевски и Лила Димитровски, а емисијата „НЗС“ на Иван С. Мирчевски е најквалитетен ТВ-проект. „Томато“ е највидеопродукција, „Макспот“ најурбана телевизија, а МРТВ доби посебни признанија за хуманиот проект реализиран за поддршка на жртвите од цунами, како и за нејзиниот придонес за успешно претставување на Проески на „Евровизија“. Деца од домот „11 октомври“ ги доделија наградите за најхуманитарен настан и најхумана личност на Тоше Проески за концертот на Саем и на неговата менаџерка и сопственичка на „Фајнл кат“ Љиљана Петровиќ. Ракометарката Индира Кастратовиќ е спортист на годината, Сека Радончиќ беше прогласена за најдобра модна креаторка, а се додели и плакета за најбаран диџеј, која му припадна на Горан Кан. Српско-црногорскиот поп-пејач Кнез ја додели наградата трајни вредности, која заврши во рацете на Велибор Џаровски-Џаро. Презентери на номинациите беа Трифун Костовски, Здравкица Билбиловска, Лила Димитровски, Нора Шакири, Џокси, Камењар, Григор Копров, Васил Зафирчев... и уште еден куп неафирмирани имиња индиректно вклучени во културно-забавниот живот. Што се однесува до ревијалниот дел, комплетно во живо на клавир настапија само Калиопи („Месечина“ и „Бато“) и Тоше Проески, кој во нов аранжман ја отпеа евровизиската „Лифе“. Адријан Гаџа направи вистински циркус кога на сцената се појави со Адмир, Драги Шпага, Миро и со другите јунаци од реалното шоу „Тоа сум јас“. Мартин Вучиќ настапи со „Муза“, при што во еден момент му се придружи и Проески. Своите хитови ги отпеаја и Тамара, „Арија бенд“ и „Синтезис“, а Калиопи дополнително настапи со нашата ромска кралица Есма.

Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Руслана сензација, Тоше најнаграден / 12.02.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» И се извинив на Руслана / 10.02.2005
» Руслана: „Музиката мора да биде независна од политиката“ / 08.02.2005
» „Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005
» Тоше ќе пее со Руската филхармонија / 13.05.2005
» Тоше го прослави 24. роденден / 27.01.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: