Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Симон Трпчевски и Блерим Руби со концерти, Даутовски за атмосфера / 10.02.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Симон Трпчевски и Блерим Руби со концерти, Даутовски за атмосфера / 10.02.2005 Empty
PostSubject: Симон Трпчевски и Блерим Руби со концерти, Даутовски за атмосфера / 10.02.2005   Симон Трпчевски и Блерим Руби со концерти, Даутовски за атмосфера / 10.02.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 7:56 pm

Време / 10.02.2005
РАМКОВЕН КОКТЕЛ ЗА ЕВРОПРАШАЛНИКОТ

Пијанистот Симон Трчевски, поп-ѕвездата Тоше Проески и виолистот Блерим Руби ќе настапат на церемонијата при предавањето на европрашалникот што в понеделник ќе се одржи во Брисел, претставувајќи ја македонската култура во сета нејзина жанровска и етничка разновидност, со што Македонија доследно ќе се претстави пред европската јавност според сите принципи на рамковниот договор. Трпчевски ќе има свој триесетминутен концерт, солистички настап на виола ќе има и Руби, а Тоше во придружба на Трпчевски ќе исполни и две арии. Заштитната џебна икона на свети Јован Богослов што ќе ја добијат поканетите европски гости ќе ги претстави дострелите на македонскиот иконопис, без кој не е можна ниту една презентација на византиското сликарство. Иконата што потекнува од демиркапискиот регион има димензии 7х7 см, поставена е на дрвена основа во сина кадифена кутија и претставува еден од најчесто даруваните репрезентативни подароци што ги откупува Владата и, особено, Министерството за надворешни работи за своите гости, велат во Музејот на Македонија, каде што се изработуваат овие копии. Филигранските парчиња што ќе им бидат дарувани на гостите од Европската комисија во Брисел се дело на традиционалните мајстори од Скопје и од Охрид. Подароците се дел од вообичаениот протокол. А на коктелот ќе се дели и пропаганден материјал за Македонија - монографијата за Стоби, цедеа со македонска музика, дивидија со податоци за културното и природното наследство, како и компакт-дискови што ги претставуваат економските потенцијали на земјата и можностите за инвестирање во неа. Репрезентативното пакување на филмовите „Прашина“ и „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, подготвени во рамки на чествувањето на 100 години Илинден, ќе бидат дарувани и во оваа пригода. За време на коктелот, на кој ќе бидат служени македонски вина од реномирани македонски винарии, посетителите ќе ги забавува квартетот на Драган Даутовски, чија музика е базирана на македонската народна традиција. Во Брисел се сели и изложбата на македонски народен вез на Музејот на Македонија. Се очекуваат околу 200 до 250 гости, високи претставници на Унијата на Европарламентот и амбасадори.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Симон Трпчевски и Блерим Руби со концерти, Даутовски за атмосфера / 10.02.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Маестро Симон Трпчевски ќе настапи со тенорот Тоше Проески / 22.02.2005
» Сакам да сум Проја / 06.12.2005
» Концерти на Тоше во Битола и во Прилеп / 22.03.2005
» Малку време за подготовки / 14.06.2005
» Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: