Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Хуманитарна акција за помош на настраданите во Азија / 15.-17.01.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Хуманитарна акција за помош на настраданите во Азија / 15.-17.01.2005 Empty
PostSubject: Хуманитарна акција за помош на настраданите во Азија / 15.-17.01.2005   Хуманитарна акција за помош на настраданите во Азија / 15.-17.01.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 7:15 pm

А1 / 15.01.2005
Маици со потпис на музичките ѕвезди за 400 денари, капи за 300, фотографирање со нив за 200 денари. Вака Македонија денеска им помагаше на настраданите од цунамите во Јужна Азија. Тоше и Калиопи задоволни што својата хуманост можеа да ја споделат со граѓаните и да ја подигнат свеста за солидарност кај населението. „Жалосно е тоа што има многу причини да се биде хуманитарен секојдневно, ама јас сум таков секој ден и не ми причинува ништо ново. Големо задоволство ми е да бидам хуманитарен“, изјави Тоше Проески. И неговиот евровизиски костум се продаде за хуманитарни цели. На аукција за 50 илјади денари. Калиопи нуди две слики насликани и подарок од нејзината мајка. „Јас и Васил решивме почетната цена да ја поставиме ние, со тоа што веќе 500 евра ние ги донираме. Значи, почетната цена е 500 евра“, вели Калиопи. Граѓаните денеска донираа кој колку може. Велат - битна е солидарноста, а не парите. „Минимум 100 денари. 1.000 денари. Пари, 500 денари“, рекоа граѓаните На плоштадот во Скопје малкумина ја следеа културно-уметничката програма. Организаторите на хуманитарната акција, градот и неговите традиционални спонзори, очекуваат поголема посетеност вечерва, кога на скопјани, во име на солидарноста, им организираат голема журка. На полноќ предвидено е едноминутно молчење во спомен на 150-те илјади жртви во Јужна Азија, по што ќе биде објавено колку пари се собрани денеска. Досега во Македонија се донирани повеќе од три милиони евра во пари, храна, облека и лекови, но се уште не се знае кога и каде ќе се испрати помошта.

Собрани 200.000 евра за настраданите од цунамито
Дневник / 17.01.2005
ДЕНОВИ НА СОЛИДАРНОСТ Точната сума пари со која ќе им помогнеме на жртвите во Југоисточна Азија ќе се знае утре, а се претпоставува дека од сите активности се собрани околу 11 милиони денари Македонските граѓани завчера масовно ја поддржаа акцијата Денови на солидарноста со жртвите на цунами и ја покажаа хуманоста на дело. Точната сума пари со која ќе им помогнеме на жртвите во Југоисточна Азија ќе се знае утре. - Покажавме дека сме хумана нација. Граѓаните масовно помогнаа и на скопскиот плоштад и во студиото на Македонската телевизија. Донации пристигаа на различни начини и затоа ќе ни треба време да ги обработиме податоците и да излеземе со конечна сума. Претпоставувам дека ќе бидат собрани околу 11 милиони денари - вели Иван Мирчевски, член на Организацискиот одбор. Од телефонските јавувања на бројот 0590 22 330, на кој се донираа 50 денари, завчера до полноќ беа собрани 2.981.300 денари. "Мобимак" донира 600 илјади, а "Космофон" 500 илјади денари. Од специјален телефонски број на Фондацијата "Мобимак за Македонија" и Црвениот крст се собрани 360.000 денари, а од аукцијата на детски цртежи 130.000 денари. За жртвите на цунамито, Советот на Град Скопје одвои 1,5 милион денари, а советниците повеќе од 100 илјади. Од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски беа издвоени 13.500 денари, а од кутиите поставени на плоштадот, во "Космофон", "Мобимак", "Веро", "Тинекс" и во Телекомот се собрани 700 илјади денари. Конечната сума собрана од телевизиската аукција на МТВ, на која познатите личности продаваа лични работи, не е утврдена. Се знае само дека костумот што Тоше Проевски го носеше на настапот на Евровизија беше продаден за 50.000 денари и оти највисока цена од 6.000 евра достигна слика од Мерсад Бербер. Пари се донираа и со купување маички потпишани од нашите музички ѕвезди, приврзоци, капчиња, кошули, храна, пијалаци и уште многу работи што вчера експресно се продаваа на градскиот плоштад. Собраните пари ќе бидат испратени на жиро-сметка на Меѓународната федерација на Црвениот крст во Женева. Од Градот најавуваат дека со крајот на Деновите на солидарноста нема да заврши помошта за настраданите. - Сакавме парите да бидат искористени наменски и да изградиме некој објект во уништениот регион. Бидејќи тоа ќе биде можно дури в година, парите ќе бидат префрлени на сметката на Меѓународниот Црвен крст, кој ќе реши за што ќе се користат. Планираме градот Скопје да се збратими со некој од уништените градови и да изградиме некој објект кога тоа ќе биде можно - велат од Градот. Деновите на хуманоста за жртвите од цунамито во Југоисточна Азија беа збогатени и со музичка програма. Централниот настан се случи на градскиот плоштад. Од 12 до 16 часот на плоштадот настапија хорот "Златно славејче" и неколку културно-уметнички друштва. За тоа време, во дрвените куќички нашите ѕвезди Калиопи, Тоше Проески, Симон Трпчевски, Владо Јаневски и други ги анимираа граѓаните да помогнат со донации. Во 21 часот почна хуманитарниот концерт на кој настапија Тамара Тодевска, Елена Ристевска, Александра Пилева, Мартин Вучиќ, Виолета Томовска, Врчак, Маја Саздановска, Фани, Роберт Билбилов, Марјан Стојановски и уште многу други. Акцијата Денови на солидарноста заврши на полноќ, со едноминутно молчење за повеќе од 165.000 жртви на цунамито.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Хуманитарна акција за помош на настраданите во Азија / 15.-17.01.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: