Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше Проески - 1 - 12

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше Проески - 1 - 12 Empty
PostSubject: Тоше Проески - 1 - 12   Тоше Проески - 1 - 12 EmptyTue Sep 24, 2019 10:41 am

Тоше вели лејди
Вест / 12.01.2004
Првиот пилот сингл од наредниот, четврти по ред албум на Тоше Проески, е "Велам лејди", која по радио станиците беше пуштена како божиќен подарок за неговата публика.

Се снимаат песните на Тоше за Евросонг
Вест / 19.01.2004
Вокалните делници за евровизиските песни на Тоше Проески нема да се снимаат во Љубљана, како што беше најавено, туку во студиото на продуцентот Валентино Скендеровски.

Батлер на роденден кај Тоше
Вест / 28.01.2004
Поп sвездата Тоше Проески, како по традиција и 23-тиот роденден го прослави во скопскиот ресторан "Лира". Меѓу гостите можеле да се видат американскиот амбасадор Лоренс Батлер и амбасадорот на ...

"Суперхикс" и Тоше номинирани за награди во Босна
Вест / 03.02.2004
"Суперхикс" и Тоше Проески се номинирани во две категории за најпознатите босански награди "Даворин 2004" и тоа за најдобар комшиско соседски- албум и најдобар комшиско- соседски изведувач.

До затворањето на весникот не се знаеше дали ќе има гласање со СМС пораки, поради игрите што менаџерката на Тоше ги правела со двата мобилни оператори
Вест / 14.02.2004
СКАНДАЛ ЗА ИЗБОРОТ НА ПЕСНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА Националниот избор на песната, која Тоше Проески треба да ја испее на годинашниот Евросонг 2004 во Истанбул, е блокиран.

"Ангел си ти" на Јован Јованов патува со Тоше за Истанбул
Вест / 16.02.2004
ЕВРОСОНГ 2004 Песната "Ангел си ти", за која музиката и аранжманот ги напиша Јован Јованов, а текстот е на Илија Николовски, е песната која Тоше Проески ќе ја пее на годинашниов избор за песна на ...

Отсекогаш велев дека Тоше треба да оди на Евровизија
Вест / 17.02.2004
МИРЈАНА ДАНАИЛОВСКА- МИНА ВО УЛОГА НА ТЕКСТОПИСЕЦ Во жолтата соба во Универзална сала, меѓу сите композитори, текстописци и аранжери во саботата ја забележавме и познатата Мирјана Данаиловска- Мина.

Тоше се сликаше на најубавите плажи во Италија
Вест / 27.02.2004
ЗА ПРЕСТАВУВАЊЕ ПРЕД ЕВРОПА ВО ИСТАНБУЛ Сликите ќе бидат искористени за омотницата на новиот албум и за пресот во Истанбул на 24 март Нашата мега sвезда Тоше Проески, неделава уживаше во убавините на ...

Тоше кандидат за босанскиот греми за пејач и албум
Вест / 03.03.2004
Тоше Проески и неговиот албум "Ако ме погледнеш во очи" се влезени меѓу пет најсериозни кандидати за престижната награда "Даворин", кои всушност ги претставуваат босанските греми награди и од нив на ...

Втор дел од документарецот за Тоше сниман во Рим
Вест / 11.03.2004
ВЕЧЕРВА НА МРТ2 Вториот дел од документарецот "Скопје колинг" ќе се емитува вечерва во 22.30 часот на вториот канал на МТВ. Станува збор за триесетминутна документарно-забавна емисија посветена на .

Масевски ќе ја доработува "Ангел си ти"
Вест / 15.03.2004
Новиот аранжман на евровизизиската "Ангел си ти", на Јован Јованов, со која Тоше Проески ќе не преставува во Истанбул најверојатно ќе го изработи Александар Масевски, и неговиот брат Кристијан.

Малтешките евровизиски преставници на гости кај Тоше
Вест / 31.03.2004
- Во Малта, на прво место ни е религијата. Потоа доаѓа "Евросонгот", велат малтешките евровизиски преставници, дуото Џули и Лудвиг, кои неделава гостуваа во Скопје. Македонија е една од неколкуте ...

Докторите инспирирани од Тоше и од "Клон"
Вест / 08.04.2004
СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО ПРОСЛАВЕН СО ПЕСНА Талентираната Мартина ја отвори Завчеравечерта, во Универзалната сала, докторите од Лекарската комора на Македонија низ уметноста го прославија светскиот ...

Денес е денот на Тоше
Вест / 19.04.2004
"Ден за нас", се вика новиот, четврти албум на мегаsвездата Тоше Проески, а ќе се промовира вечерва, во хотелот "Александар палас", во 20 часот. "Фајнал кат" продукција издава двојно ЦД. На првото се ...

Повеќе обожаватели од колеги кај Тоше
Вест / 21.04.2004
МЕГАSВЕЗДАТА ГО ПРОМОВИРАШЕ ДВОЈНИОТ АЛБУМ Завчеравечерта, во хотелот "Алекандар палас", Тоше Проески и неговите пријатели прославија уште еден "негов ден". "Ден за нас", се вика двојното цеде што во ...

Автограм и цеде од Тоше
Вест / 23.04.2004
Завчера попладне, музичката продавница "Југотон", во скопскиот ГТЦ беше "опколена". Преку 200 обожаватели на Тоше Проески дојдоа да си ги купат првите примероци од новото цеде "Ден за нас", а нивниот ...

Тамара, Масе, Маја и Роки ќе му бидат придружни вокали на Тоше
Вест / 27.04.2004
ЕВРОСОНГ 2004 Тамара, Александар Масевски, Маја Саздановска и Роки, е списокот на придружните вокали на Тоше Проески на "Евросонг" во Истанбул на 12 мај. Оваа информација ни ја даде менаџерката на ...

Тоше на Евросонг со благослов од поглавар и здравица од амбасадор
Вест / 05.05.2004
МАКЕДОНСКАТА ЕВРОВИЗИСКА ЕКИПА ЛЕТНА ЗА ИСТАНБУЛ Тоше Проески во Истанбул го испрати амбасадор и
владика. Нашата мегаsвезда и претставник на годинешниот Евросонг 2004 заедно со седумнаесетчлената ...

Евровизијата не ме смени
Дневник / 03.06.2004
АЊЕЗА ШАХИНИ НА ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА Шахини, која е прва албанска амбасадорка на Евросонг, ќе биде специјална гостинка на концерт на Тоше Проески Македонија ни даде најмногу поени на Евросонг во Истанбул и затоа одлучивме вашата земја да биде прва во која ќе настапиме по Евровизија. Мојата презентација во другите земји можеби ќе биде според бројот на поени што ни ги дадоа, изјави Ањеза Шахини, албанската претставничка на Евровизија на вчерашната прес-конференција што се одржа по повод свечениот пречек на Шахини кај Муса Џафери, потпретседател на македонската Влада. Седумнаесетгодишната Ањеза престојува во нашата земја по повод денешниот концерт што ќе се одржи во Тетово, каде што таа ќе биде специјална гостинка. Таа истакна дека нејзина морална обврска е да се сретне со високите функционери во Македонија во текот на престојот. На прес-конференцијата таа ја запеа евровизиската тема на албански јазик. Шахини на финалето во Истанбул, што се одржа на 15 мај, го освои седмото место и успеа да и обезбеди директно учество на Албанија на следната Евровизија, што ќе се одржи во Украина. Ањеза е ученичка во трета година во општа гимназија во Тирана и вели дека нејзиниот живот не се изменил по настапот на Евровизија. Таа е по втор пат во Македонија. Во декември лани била специјална гостинка на фестивалот "Алба фест". Според Ањеза, иако настапот на Евровизија е голем товар, таа е среќна што успеала убаво да ја претставува својата земја. - По полуфиналниот настап ми се јавија премиерот на Албанија и неговата жена за да ми честитаат. Откако се вратив во Албанија, ме прими и претседателот на државата. Иако настапот на Евровизија е голем товар, посебно е чувството кога ќе ги споиш музиката и политиката - вели Шахини. Таа изјави дека има специјална покана за настап на концерт на македонската мегаѕвезда Тоше Проески. - Со Тоше бевме постојано заедно дури и во зелената соба. По враќањето дома и Албанците даваа позитивни коментари за изведбата на Тоше - вели Шахини. Таа вели дека, иако Албанија одлучила да ја испее песната на англиски јазик, не е важно на кој јазик се пее, туку каква е мелодијата и како настапил пејачот. Ањеза изјави дека има покани да настапи во Грција, но сепак одлучила Македонија да биде прва земја каде што ќе настапи по Евровизија. А.А.

Н: Концертот на Тоше со многу изненадувања
Вест / 10.06.2004
Билетите за концертот на Тоше Проески, што ќе одржи на 29 јуни во 20:30 часот, на градскиот стадион, од утре ќе бидат пуштени во продажба. И за јужната трибина и за местата на тревникот, цената е 300 ..

Со кредитна картичка до гратис-билет за Тоше
Вест / 14.06.2004
"Интернационална приватна банка" ќе подарува билети за концертот на Тоше Проески, закажан за 29 јуни, во 20.30 ч., на Градскиот стадион. Секој што ќе извади картичка од банката во наредните две ...

Музички хепенинг со Тоше на Градски стадион
Време / 29.06.2004
ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ На Градскиот стадион во Скопје вечерва (20.30 часот) ќе се одржи големиот солистички концерт на најпопуларниот македонски поп-пејач Тоше Проески. Музичкиот хепенинг е пред се .

Тоше го наполни градскиот стадион и го оствари сонот
Вест / 01.07.2004
Тоше Проески е првиот македонски пејач што го наполни градскиот стадион во Скопје. Еуфорија, вресоци, хорско пеење, одлична сценографија озвучување и осветлување е доволен опис на завчерашната ...

Тоше на хуманитарен концерт во Мостар
Вест / 29.07.2004
Вечерва поп-sвездата Тоше Проески гостува во Мостар. На стадионот "Бијели бријег" заедно со Есма, хрватскиот пејач Тони Цетињски и уште неколку музичари од Босна и Херцеговина и Хрватска, ќе одржи ...

Во Античкиот театар концерт на "Синтезис", Тоше нивни гостин
Вест / 30.07.2004
НА 2 АВГУСТ Концертот ќе се пренесува во живо на видеобимови поставени на плоштадот Македонија во Скопје, пред Домот на културата во Струмица и на Широк сокак во Битола Најдобрата македонска

Тоше во античкиот театар во Охрид
Вест / 04.08.2004
Вечерва, во охридскиот антички театар, во 21 часот, концерт ќе одржи мегаsвездата Тоше Проески. Стандардно, зад него ќе стои "Блу фанки индивидуалс" бендот, а придружните вокали ќе ги испејат Ана

Хрватската sвезда Нина Бадриќ го бендиса Тоше
Вест / 11.08.2004
Една од најпопуларните хрватски пејачки Нина Бадриќ го бендиса Тоше Проески. За време на претстојот на Тоше во Хрватска и Словенија, тој гостувал на концертот на Тони Цетињски во Умаг, и таму ја ...

Тоше сними дует со словенечката поп-дива Ања Рупел
Вест / 30.08.2004
Тоше Проески во Љубљана го сними најавуваниот дует со словенечката поп дива Ања Рупел. Песната, која ќе се промовира за 20 дена, е на хрватски јазик, и еден дел на словенечки. Пред Словенија, Тоше ...

Тоше е првиот национален детски амбасадор на УНИЦЕФ
Вест / 01.09.2004
Мегаsвездата Тоше Проески е првиот национален детски амбасадор на "Уницеф". Завчера, на приемот во хотелот "Александар палас", Тоше потпиша двегодишен договор со "Уницеф" , и од регионален стана ...

ТОШЕ ВО ДИПЛОМАТИЈА
Вечер / 01.09.2004
Во присуство на дипломатскиот кор во Македонија и предодбран број новинари, највисоките претставници на УНИЦЕФ завчеравечер, со коктел во “Александар палас”, на Тоше Проески му ги врачија писмата со ...

Тоше и "Синтезис" со спот за "Жена балканска"
Вест / 21.09.2004
За дуетот на Тоше Проески и "Синтезис", "Жена балканска", ќе се снима следното видео издание на нашата мега sвезда. Спотот се монтира во студио "Кан", и ќе преставува комбинација од најсупешните ...

WOULD YOU MARRY ME!!!
Вечер / 14.10.2004
"Помпата и интересот што ја следи нашата најголема поп ѕвезда Тоше Проески, каде и да се појави, предзивикува голема возбуда кај женскиот дел од публиката. И на последните австралиски концерти ...

По Австралија, Тоше планира турнеја низ Америка и Канада
Вест / 15.10.2004
Денеска, во Љубљана ќе биде промовиран видео спотот за дуетската песна на Тоше Проески и словенечката музичка sвезда Ања Рупел. Пред три дена, Тоше се врати од мини турнејата од Австралија,

Тоше ќе снима дует со Тони Цетински
Вест / 22.10.2004
Во наредниов период мегаsвездата Тоше Проески ќе работи на освојување на хрватскиот пазар. Првиот чекор е дует со популарниот пејач Тони Цетински. Денеска, Тоше му гостува на Цетински во Загреб,

ТОШЕ ЌЕ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ СПОТ
Вечер / 27.10.2004
Денес, во 13 часот во Холидеј Ин, нашата најголема поп ѕвезда Тоше Проески повторно ќе има средба со новинарите и со неговите обожаватели, кои ќе сакаат официјално да го проследат новото видео

Тоше го промовираше новиот албум во Словенија
Вест / 27.10.2004
Тоше Проески го промовираше албумот "Ден за нас" во Љубљана, во познатиот ноќен клуб "Салон". Цедето го издаде "Далас рекордс". На промоцијата присуствувал македонскиот амбасадор во Словенија Илијаз .

Тоше со детска химна за УНИЦЕФ
Вест / 16.11.2004
На хуманитарниот концерт што Тоше Проески ќе го одржи на 2 декември на скопското сајмиште, ќе гостуваат сите негови колеги со кои што до сега соработувал - авторот на хитот "Чија си", Леонитина, ...

Концерт на "Синтезис" и на Македонската филхармонија
Дневник / 17.11.2004
УТРЕ И ЗАДУТРЕ ВО УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА Познатата етногрупа "Синтезис" и Македонската филхармонија утре и задутре во Универзалната сала ќе одржат концерт на кој ќе го промовираат најновиот албум "Де Бог да бие". - Од 1 јануари "Синтезис" ќе биде член на Шведската агенција за заштита на авторските права, во која членуваат познатите групи "АББА" и "Роксет". Склучивме договор и со "Далас рекордс" за промоција на словенечкиот и на хрватскиот пазар - изјави Марјан Јовановски на вчерашната пресконференција. На концертот на 18 ноември специјален гостин ќе биде мега-ѕвездата Тоше Проески, кој со групата ќе ја изведе песната "Ој девојче". Концертот на 19 ноември ќе биде снимен на ДВД, што ќе се користи за промотивни цели на групата и на македонската култура. Со Филхармонискиот оркестар ќе диригира Ле Фи Фи. Ова е прва концертна промоција во Скопје на групата, која неодамна се врати од турнеја од Шведска. Билетите за концертите чинат 300 денари и можат да се купат во Универзалната сала. (Д. Ј.)

Љиља на мака со кредитна картичка
Вечер / 18.11.2004
Дајнерс клуб интернешнал од Скопје, преку својот полномошник, адвокатот Кирил Смичковски, поднел кривична пријава до менаџерката на нашата мегаѕвезда Тоше Проески, Љиљана Петровиќ. Таа, според ...

Величествено синтетизиран етнофолклор
Дневник / 20.11.2004
КОНЦЕРТ НА "СИНТЕЗИС", УНИВЕРЗАЛНА САЛА
Атмосферата кулминира кога на сцената се качи Тоше Проески кој, поздравувајќи ја групата како "најдоброто од Македонија", со нив ја изведе песната "Ој девојче".

Ѕвездите ќе пеат за МРТВ - ревијално
Време / 30.11.2004
„СКОПСКИ ФЕСТИВАЛ“ 2004 Во Македонскиот народен театар на 27 декември ќе се одржи новото издание на „Скопскиот фестивал“. Годинава фестивалот ќе го носи името „Ѕвездите пеат за МРТВ“ и манифестацијата е дел од активностите на националниот ТВ-сервис по повод прославувањето на 60-годишниот јубилеј. Првпат фестивалот ќе биде без натпреварувачки димензии, а сите пејачи-учесници ќе добијат посебни плакети. Ќе бидат изведени 16 нови композиции, а засега своето учество го потврдиле Лидија Кочовска, Тамара, Маја Оџаклиевска, Биба Додева, Ѓорѓи Крстевски, Ребека, Андријана Јаневска, Мартин Вучиќ, Искра Трпева, Дуле и Коки, Цеки и „Силви бенд“. Организаторот се уште е во преговори со Љиљана Петровиќ од „Фајнл кат“ за Тоше Проески да има полчасовно шоу на фестивалот. Во МРТВ се разгледува варијантата, наместо класични водители, самите пејачи да бидат аниматори и меѓусебно да се најавуваат. Покрај „Скопскиот фестивал“, во рамките на прославувањето на 60-годишнината од своето постоење, МРТВ ќе организира и други музички манифестации. - Еден ден порано на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи музички хепенинг, на кој на поп-артистите овојпат ќе им се придружат и пејачите од македонската фолк-елита, а ќе има и хумор. На 28 декември, пак, во МНТ ќе се случи концертот на ансамблот „Танец“ - ни изјавија од националната ТВ-куќа. <> Ѓ.С.

Тоше и пријателите за детската клиника
Вест / 02.12.2004
Вечерва, во 20 часот, на скопското сајмиште ќе се одржи хуманитарниот концерт на Тоше Проески и пријателите. За сега, гостувањето го потврдија Леонтина од Белград, Ања Рупел од Љубљана, Тони Цетински ...

Тоше гостин на албанскиот Евросонг
Вест / 17.12.2004
Тоше Проески со свој настап беше специјален гостин на албанскиот избор за песна на Евровизија, вчера во Тирана. Албанците го избираат својот преставник со две полуфиналиња, синојќа и вечерва, и ...

Минатата во знак на Тошка - за идната здравје!
Вечер / 29.12.2004
Додека ги ситниме последните денови од старата и нетрпеливо ја очекуваме Новата година, претпразничната еуфорија од ден на ден станува се поголема. Тоа го покажуваат турканиците по скопските улици, .

Тоше за Нова година во Сараево
Вест / 30.12.2004
Утревечер, за новогодишната ноќ Тоше Проески ќе пее на плоштадот во Сараево. Нашата најголема поп sвезда ќе настапи по полноќ, во два блока по 45 минути. Стандардно, ќе го придружува бендот "Блу ...

Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Тоше Проески - 1 - 12
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: