Дневник / 17.12.2004
ВО СКОПЈЕ
Мегаѕвездата Тоше Проески на 21 декември на улицата Македонија во Скопје во 16.30 часот ќе го промовира видеоклипот за темата "Жена балканска", подарок од "Кан продукција". Посетителите спотот ќе може да го проследат на видеобим, што ќе биде поставен до споменикот на Мајка Тереза. По промоцијата на најновото издание на Проески, ќе се одржи новогодишен коктел за медиумите, што ќе го организираат "Фајнл кат" и "Кан продукција". (С.А.Н.)