Дневник / 04.10.2004
ВО СИДНЕЈ
Најпопуларниот македонски поп-пејач Тоше Проески спектакуларно ја почна својата турнеја низ Австралија. На сиднејскиот аеродром неколу илјади Македонци го пречекале Тоше како државник. Заедно со својот домаќин Никола Ристевски, кој ја организира неговата турнеја, Тоше се качил во најскапо ферари. Заедно прошетале низ сиднејското предградие Рокдаел, каде што живеат и работат околу 100.000 Македонци, и ги поздравиле многубројните обожаватели. Тоше Проески во саботата одржа голем концерт во олимпискиот парк, каде што се одржуваше и Олимпијадата. Македонците што сакале да го видат и чујат Тоше плаќале и по 55 долари, што е најскапа влезница за македонски музичар. Досега влезниците за концертите на македонските пејачи чинеле околу 20 долари. Во текот на својата турнеја Тоше ќе настапува и на државната телевизија СБС. Тоше е и првиот пејач што своите концерти, покрај на македонските радиопрограми, ги рекламирал и на австралиските радија. Големата македонска ѕвезда ќе одржи концерти во Волонгонг и во Мелбурн. (М.П.)