Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

  Сиктер за Македонската вечер во Истанбул - Нема да има Македонска вечер / 07.05.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

 Сиктер за Македонската вечер во Истанбул - Нема да има Македонска вечер / 07.05.2004 Empty
PostSubject: Сиктер за Македонската вечер во Истанбул - Нема да има Македонска вечер / 07.05.2004    Сиктер за Македонската вечер во Истанбул - Нема да има Македонска вечер / 07.05.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 4:37 pm

Време / 07.05.2004
УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ПРЕД „ЕВРОВИЗИЈА“

Ѓорге Стојанов Нема да има Македонска вечер во Истанбул на 10 мај. Традиционалното претставување на македонската култура, кујна и музика е откажано. Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески, завчера телефонски ги известила членовите на македонскиот етносостав „Синтезис“, кои со едночасовен концерт требаше да се претстават во Турција, дека целата програма е откажана. - Не ги знаеме причините, а Петровиќ ни кажа дека некоја голема македонска фирма што требало да ги обезбеди парите за изнајмување на салата во последен момент го одбила договорот, наводно поради превисоката цена за салата што ја побарале Турците. Сите од „Синтезис“ имавме резервации за авионските билети и ваучери за хотелот во кој требаше да се сместиме, а сега се паѓа во вода - изјави за „Време“ Марјан Јовановски, еден од членовите на популарната група. Контактиравме и со Гордана Стошиќ, генералната директорка на МРТВ, која ни изјави дека воопшто не е вклучена во евровизискиот проект и не упати кај Љупчо Тозија, директорот на Македонската телевизија. Тој вчера не беше достапен за новинарите на „Време“, иако неговата секретарка не извести дека во моментот кога го баравме тој бил на состанок кај генералната директорка. Иван С. Мирчевски, претставникот на МТВ во македонската делегација, од Истанбул ни изјави: - Македонската вечер дефинитивно е откажана. Условите под кои ни се нудеше салата беа неприфатливи за нас. Еден од спонзорите на нашата експедиција не ни ги префрли ветените пари. Но, Македонија не е единствената земја што ја откажа својата „вечер“. Србија и Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина исто така нема да се претстават поради превисоките цени - изјави Мирчевски. Македонија ненадејно добила подобра шанса за промоција, тврди Мирчевски. Израелската делегација за 280.000 евра откупила 90-минутен простор од програмата на приватната сателитска ТВ-станица „Канал Д“ за сопствена презентација, а го поканиле и Проески да учествува во програмата. - Израелците ги канат претставниците на четири земји што, според нив, се најголеми фаворити за добар пласман. Добивме усна покана од нив Тоше да учествува во шоуто, кое најверојатно ќе може да го гледа и македонската јавност - вели Мирчевски. Со откажувањето на Македонската вечер ја загубивме шансата да ги претставиме нашите историски и културни обележја пред 35 земји-учеснички на евровизискиот спектакл.

Дневник / 07.05.2004
ЕвровизиЈа

Македонската вечер, што во рамките на Изборот на песна на Евровизијата требаше да се одржи на 10 мај во Истанбул, е откажана поради немање соодветен простор и недостиг на пари. - Ни беше понудено Македонската вечер да ја одржиме во хотелот во кој сме сместени, а не во некој посоодветен локал. Задоволни сме што Македонија ќе биде една од четирите земји што ќе гостуваат на израелската забава, која ќе се пренесува на турската Д телевизија. Во програмата ќе настапи и Тоше Проески, кој ќе отпее неколку песни - изјави Иван Мирчевски, шеф на македонската делегација во Истанбул. Поради несоодветни услови, забавите ги откажаа Хрватска, Србија и Црна Гора, Словенија. Инаку на првата евровизиска проба на сцената во спортската арена "Абди Ипекчи" во Истанбул, женските придружни вокали на Тоше Проески, Тамара, Фани и Маја, се појавија со жолти маици на кои стои пораката "Do't you F. Y. R. O. M. me!" . Тие најавуваат дека овие маици ќе ги носат на сите јавни настапи до полуфиналната вечер на 12 мај. Првите реакции на евровизиските фанови на веб-страницата www.esctoday.com се дека настапот на македонскиот претставник има политичка порака. На страницата пишува дека вокалната изведба е добра, но сценскиот настап го оцениле како слаб. (С.А.Н.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Сиктер за Македонската вечер во Истанбул - Нема да има Македонска вечер / 07.05.2004
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше вечер ќе се натпреварува на Евросонг 2004 / 12.05.2004
» Настан за македонската музичка историја / 01.07.2004
» Тоше нема да пее на 28 септември на Градски
» Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004
» Тоше ќе пее на Градски стадион / 23.05.2004 10.06.2004

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: