Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Кој признава пола му се додава / 26.03.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Кој признава пола му се додава / 26.03.2004 Empty
PostSubject: Кој признава пола му се додава / 26.03.2004   Кој признава пола му се додава / 26.03.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 1:47 pm

Утрински / 26.03.2004
Македонската поп-музика во костец со оригиналноста
ЈАСМИНКА ПАВЛОВСКА

Дилемата и сите приказни што ја придружуваат е од оние што ја имаат аурата на вечна тема, секогаш актуелна, кога и да се појави со своите вистини и заблуди и секогаш со одговори што оставаат простор за нови прашања. Значи - колку е оригинална, автентична македонската поп- музика? Прашањево се однесува на актуелниов момент, иако и во самиот зародок на овој правец во музиката има спорни моменти, ако за почеток на македонската популарна музика се смета песната ?Кажи зошто ме остави". Имено, оваа песна со димензија на хит од далечната 1947- 1948 година, всушност е преработка на грчка песна, за која авторот од Грција, десетина години подоцна си ги барал и си ги добил авторските права за музиката во тогашна СФРЈ. Оттогаш досега, македонската поп-музика има подеми и стагнации во својот развој, помалку или повеќе во сенка на музиката од тој жанр од некогашната заедничка татковина, во периодот до 90-тата година од минатиот век. Времето на осамостојувањето на Македонија беше третирано како исклучително поволен миг, меѓу другото, и за конечно добивање на вистинскиот простор и значење за автентичното музичко творештво. Петнаесетина години подоцна не престанува да ни се случува сомнителната ситуација: колку успеавме во надежта, колку и како македонските автори го искористија просторот и времето за создавање препознатлив македонски поп - израз, всушност, просто кажано - дали повеќе имаме препишани или оригинални хитови? - Во моментов во Македонија со ?голо око" се гледа дека плагијаторството е многу и премногу присутно - вели Кристијан Габровски, најдобар композитор за 2003 година, од манифестацијата ?12 величествени". Но не е моја работа јас да го расчистувам тоа. Новинарската професија би била покорисна кога би ги разоткривале таквите случаи, кога би ја пуштиле низ медиумите оригиналната песна и домашната преработка. Вака имаме ситуации кога цели албуми се преработки, македонски верзии на странски хитови од различни периоди, па дури и на актуелни светски хитови. Треба да се биде чесен и да се кажат авторите на песните што се обработени и функционираат како хитови кај нас. Всушност, треба да се признае кога песната е преработка. Сметам дека 70 отсто од актуелната македонска поп-продукција е плагијат. Од друга страна, пак, нема начин како да побараме дозвола од странските автори за обработка, а и кога тие би дознале за обработката, не верувам дека би биле заинтересирани за добивката од авторските права од овој мал македонски музички пазар. Проблемот е од морална природа-треба да се биде чесен и да се признае кога се користи нечиј туѓ труд. Тука, како бонус на ?среќната добивка" за оној што го знае одговорот, доаѓа и едно потпрашање - дали на оној што признава (дека препишува) пола му се простува и веднаш се заборава? Чисто од етички аспект. Најтазе пример е хитот на Владо Јаневски ?Ако не те сакам", кој ?деновиве пред години" на италијански го пееше Ал Бано. Или, пак, некои од песните од репертоарот на актуелниот наш евровизиски претставник Тоше Проески, не е тајна дека прво биле хитови во Грција ( ги пеела Деспина Ванди, или сосема ирелевантно некој друг грчки изведувач). Активирањето на колективната меморија сигурно би извадила и други примери од нафталин, но поентата е колку признанието за обработена идеја е придонес кон автентичноста на македонскиот поп? - Тоа прашање за некаква национална поп-музичка автентичност може да се постави и на светско ниво - вели Дарко Димитров, еден од најпродуктивните македонски композитори и продуценти. За тотално плагијаторство, секако, нема простување, но оригиналноста во ова време на глобализација стана многу релативна работа. Нови стилови во музиката многу ретко се раѓаат, а музичарите постојано се во потрага по помодерен звук. Често се тргнува со експерименти во инспирацијата и поврзување на различни музички стилови, комбинирање на стари и модерни изрази. Така го имаме етното, а хаусот што до пред десет-петнаесет години го слушаа само закоравени ?технаџии", сега се применува најнормално. Но релативизирањето на оригиналноста не би требало да го релативизира и авторското право. Факт е дека имаме тешкотии со воспоставување контакт со авторите на светските хитови за да добиеме дозвола за обработка, па тоа се користи како оправдување или прифаќање на полесниот пат. Кога ја правев обработката на ?Временска машина" за "Нокаут", сосема случајно и преку некои роднински контакти дојдов до авторот Морис Фајт, кој без проблем ја дозволи обработката, без какво било барање надомест. Но тоа можам да го сметам за ?среќна околност", со оглед на тоа дека дојдов до него преку лични контакти, а не преку официјална авторска агенција, која би требала да ги остварува тие контакти и да ги регулира тие права. И покрај сето ова, сметам дека поп-продукцијата во Македонија е најавтентична во однос на она што се случува кај сите наши соседи - констатира Дарко Димитров. Нешто поради глобализацијата, многу повеќе и од локализацијата, не може да се побегне од реалноста дека опкружувањето и девизата ?ако не можеш да ги победиш, придружи им се", создаваат амбиент во кој македонската поп- музика тешко го гради својот идентитет. Во регионалното музичко опкружување ?зајмувањето на идентитетите" е вирусна верижна реакција, па Грците зајмуваат од Турците, Србите од Грците, Бугарите од Србите, сите по малку од Македонците... А Македонците сакаат да бидат како сите нив, секој зависно од вкусот. Тоа, некако, е најочигледно на големите музички собири, како Евровизијата, па Србија деновиве ја ?тресе" скандалот што нивната песна претставничка, чие авторство го потпишува (и ја пее) Жељко Јоксимовиќ, всушност, е ординарен плагијат на песна од азербејџанскиот музичар Аликан Самедов. Бидејќи аферите се пренесуваат по пат на осмоза и кај нас почнаа муабетите дека некои од песните што беа на домашниот ?Избор за Евровизија" имаат сериозна квалификација за плагијат. Тогаш доаѓаме до алармот - дали заталкавме далеку од сопствениот музички идентитет? - Факт е дека нашата поп-музика треба да се избори за својот идентитет и моментално не може да се пофали со некоја особена автентичност, но во споредба со опкружувањето, добро се држиме - кажува Кире Костов, композитор од првата лига автори. Не би сакал да зборувам за другите, но знам за себе дека го пишувам она што најдобро го чувствувам. Моето музичко чувство, инспирација и работа се потпираат најмногу врз традиционалната македонска мелоритмика, којашто е исклучително богата. Таму сў ми е познато, блиско, во генот ми е. Кога таму ти е изворот, идентитетот тешко може да се загуби, но авторската оригиналност треба да ја изработиш сам. Основата, инспирацијата во сопствените корени е најпродуктивна и најдобра, но тоа е само база што треба да се развие, да се надгради. Мојата песна ?Тајно моја", што ја пее Тоше Проески, во основа го има кодот на староградска македонска песна и во себе носи архаичен звук, но со нејзиниот развој во авторската обработка звучи модерно и автентично. Пак ќе речам, можам да зборувам само за мојот пат, кој можеби е потежок, но има свој препознатлив идентитет - завршува Кире Костов. И покрај сў, вечната тема за оригиналноста и автентичноста на македонската поп- музика не се затвора, само степенот на аргументите варира од период во период. Всушност, никој не е толку амбициозен да ги разреши сите дилеми, но сигурно нема да бидеме подобри ако признаеме дека живееме и пееме според туѓи матрици. Признаената вина не значи и простување!
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Кој признава пола му се додава / 26.03.2004
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004
» Тоше вечер ќе се натпреварува на Евросонг 2004 / 12.05.2004
» Тоше ќе пее на Градски стадион / 23.05.2004 10.06.2004
» Тоше ќе настапи 15. по ред! / 12.05.2004
» Тоше Проески ќе пее 15-ти / 24.03.2004

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: