Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Пејачите ќе ги избираат најпопуларните меѓу себе - 26.01.2001

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Пејачите ќе ги избираат најпопуларните меѓу себе - 26.01.2001 Empty
PostSubject: Пејачите ќе ги избираат најпопуларните меѓу себе - 26.01.2001   Пејачите ќе ги избираат најпопуларните меѓу себе - 26.01.2001 EmptyFri Sep 20, 2019 8:03 am

Дневник / 26.01.2001

Иван С. Мирчевски На програмите на МТВ наголемо се врти рекламата за новото шоу О, каква ноќ. Во ова интервју сценаристот и водител на шоуто, Иван Мирчевски, на читателите на Антена им ги разјаснува сите непознати во врска со манифестацијата што ќе се одржи в четврток (1 февруари) во Универзалната сала. о Како дојде на идеја за О, каква ноќ? - Во почетокот на 2000 година, кога интересирањето за Мислам дека имаме хит го достигна врвот, решив дека е време да ја напуштам таа емисија, затоа што голем успех постигнуваше мојата втора емисија Топ 10. Во мај имавме состанок јас, Антонио Димитриевски и уредничката Гордана Куновска-Ангеловска, на кој Антонио ја изнесе идејата за неговата нова емисија, а јас ја посочив мојата идеја за О, каква ноќ. Во ноември почнавме забрзано да работиме на остварувањето на проектот. Ги добивме потребните потписи од главните луѓе на МТВ, и сите беа убедени дека станува збор за првата вистинска шоу-програма во Македонија, која на секои три месеци ќе ја третира македонската забавна естрада. о Зошто токму на три месеци? - Некои новинари и луѓе кои се удираат во гради и мислат дека се упатени во бизнисот, очигледно не знаат дека во Англија или во Германија знаат да се наградуваат секој месец. Причината не е само комерцијална, туку повеќе станува збор за регистрирање на сите музички настани, на постигнувањата на новите и на старите музички имиња. Од друга страна, се создава нов интерес кај публиката и таа навикнува повеќе да ја слуша домашната музика. о Што се ќе може да се види во шоуто на 1 февруари? - Костурот на емисијата е доделувањето на музички награди. Ќе има пет категории, за кои сметам дека се најинтересни. Тоа се: најдобри пејач, пејачка, група, хит и видеоклип на тримесечието. Во првото издание ќе ги третираме случувањата во месеците октомври, ноември и декември 2000 година. Водители ќе бидеме јас и Марија Каева, позната како водителка на емисијата Волшебник и како партнерка на Принц во нумерата Фројд е жив. О, каква ноќ ќе биде вистински спектакл. Најдовме ласер кој досега е промовиран само во Германија и во Велика Британија. Подготвуваме и одлична сценографија. Во првата емисија ќе има настапи во живо на Вања Лазарова, Тијана, Александар Митевски и на македонскиот Рики Мартин (сега нема да кажам за кого станува збор). Ќе се оствари и идејата која одамна ја протежирам, а мислам дека дојде време да се оствари: настап на хорот на Запро Запров со некој македонски изведувач. Во четврток со хорот ќе пее Андријана Јаневска. Ќе настапи и Драган Мијалковски, а ќе имаме можност да ја видиме извонредната фузија меѓу рапот на Раде Врчаковски-Врчак и хорот на Запров. Згора на тоа, во живо ќе настапат седумте момчиња од групата Суперхикс. Според свој избор, настап во живо или на плеј-бек ќе имаат и петтемина што ќе бидат прогласени за најдобри во своите категории. о На кој начин ќе биде спроведено гласањето? - Интересен е начинот на кој ќе се делат наградите. Мислам дека е недозволено Петко да му даде награда на Станко, или да му се јави на Митко и да му нареди да му даде награда на неговиот пулен. Тоа ќе го оствариме на тој начин што Петко од тоа и тоа радио, телевизија или весник нема да биде во жирито. Жирито ќе го сочинуваат пејачите што се номинирани. Сметам дека тоа ќе биде многу исправно, зашто ќе даваме награди за популарност. Ниту јас, ниту пејачите не сме доволно компетентни за да кажеме кои се најдобри песни, додека популарноста е лесно да се утврди. Значи, ќе има пет категории, со по четири номинации и секој од номинираните ќе може да гласа за секого, освен за себе. Понатаму, секој во својата категорија ќе гласа за по две имиња, а во останатите категории за едно име. о Сметаш ли дека тоа ќе биде доволна заштита од меѓусебните договарања и од доделувања на наградите според некоја "кујна"? - Токму за да го заштитам шоуто од такви нешта, го воведов принципот на гласање за двајца во својата категорија. На првиот за кој ќе се реши некој од номинираните ќе му додели два поени, а на вториот еден поен. Кога ги правевме калкулациите, видовме дека е речиси невозможно да се намести победникот. о Зошто на списокот на номинираните ги нема пејачите што соработуваат со Авалон продукција? - Ги нема по нивен личен избор. Пред Нова година, кога се договаравме, начелно прифатија учество на манифестацијата, сметаа дека е во ред, но очигледно ги премисли начинот на наградување. Мора да кажам дека ги разбирам. Станува збор за комерцијална група луѓе. Тие работат исклучиво на профитерска база, и сметаат дека музиката единствено треба да се продаде, а не да стигне на некое повисоко ниво. Мене ми е навистина жал што нема да настапат пулените на Авалон: Тоше, Каролина и останатите. Но, сепак, морам да кажам дека македонската музичка сцена не се сведува само на нив. Крајно неисправно звучи нивната изјава дека не сакаат да се натпреваруваат со неконкурентни имиња. Мислам оти таа нивна изјава лесно ќе биде побиена кога ќе го гледаат шоуто, претпоставувам од дома, иако уредно ќе добијат покана да бидат дел од О, каква ноќ. Мене ме плаши една работа: слушам дека останатите, "неконкурентните", почнуваат да се прашуваат зошто тие би се натпреварувале во другите манифестации, каде ќе бидат застапени и "авалонци". Немам ништо против Авалон продукција! Со нив сум имал добра соработка и се надевам дека ќе имам можност да соработувам со нив и во иднина. Следната емисија ќе биде во април и тие пак ќе добијат покана да учествуваат. Ако сметаат дека е важно да се учествува, а не исклучиво да се победи, уверен сум дека ќе најдеме заеднички јазик. о Сметаш ли дека единствен проблем е жирирањето? - Па, јас не гледам никаков друг проблем! Прочитав изјава од Бобан Милошески дека Тоше Проески ќе имал концерт наскоро, во март, па поради тоа не е пожелно да пее на оваа манифестација. Јас не го ни поканив Тоше да пее. Реков дека ќе пеат само победниците во категориите. Од каде му е информацијата на Бобан, дека Тоше ќе победи?! о Во договарањето за ова интервју инсистираше да кажеш нешто за, според тебе, некоректниот однос на Антена спрема тебе. Повели. - Бев изненаден кога се јавивте и побаравте интервју од мене. Година и половина бев игнориран од вас, поради наводни недоразбирања и потези кои вие погрешно сте ги протолкувале. Проблемите настанаа кога во една од моите емисии правев осврт на Макфест 99. Гости ми беа Ристо Самарџиев и Лидија Кочовска, а Тоше Проески не дојде, иако беше поканет. Новинарскиот професионализам ме натера да го поставам прашањето зошто на насловната страница на Антена се појави Тоше, а не победникот на Макфест, Ристо Самарџиев. Малку ми беше нелогично тоа што второпласираниот има првенство пред победникот. Вие сте ме слушнале како во емисијата изјавувам дека Антена стои на страната на Авалон. Се обидов да го најдам видеоматеријалот за да го негирам тоа, но не успеав. Сметам дека е неисправно, без оглед на тоа дали сум го изјавил тоа, иако не сум, да се остават нерегистрирани неколкуте проекти што ги работев во 2000 година. Се надевам дека ќе ги оставиме на страна старите недоразбирања и ќе ја продолжиме соработката.

Даниел С. Михајловски
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Пејачите ќе ги избираат најпопуларните меѓу себе - 26.01.2001
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше, Каролина и "Ареа" меѓу првите десет на југословенската топ листа - 29.06.2001
» Мировен рок-хепенинг во Тетово / 11.09.2001
» Второ место за Тоше и Каролина - 16.02.2001
» Концерт во живо на Тоше Проески - 07.06.2001
» Од десетте закажани концерти, шест распродадени / 30.08.2001

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2001-
Jump to: